Спорт
Куако жестоко го нападнаа Ѓоковиќ: Рафа и Мбапе не можат, но Новак може… Не му верувам

Енцо Куако, француски тенисер по потекло од Маурициус, проговори за мечот со Новак Ѓоковиќ на неодамна завршениот Австралија опен.Тие двајца се сретнаа во второто коло, а Куако беше единствениот тенисер на првиот Грен слем сезонава кој освои сет против Ѓоковиќ.
По средбата е откриено дека српскиот тенисер играл со пукнатина од три сантиметри на задната ложа, во што Французинот не е убеден.
„Тешко е да се одговори, прв пат играв против него. Помеѓу ТВ и реалноста нема голема разлика. После тој рече дека ја има таа повреда, голема повреда, многу борбени спортисти кога се повредени не можат да продолжат да играат. Надал се повреди, повеќе не можеше да трча. Мбапе беше надвор од терените две недели. А тоа се најголемите спортисти, а не оние кои немаат пристап до најдобрата опрема и нега. Тешко е да се поверува дека само еден човек во светот може да го направи тоа“, рече тој во интервју за „Тенис Акта“ и додаде:
„Во Франција секогаш ми велеа да не се истегнувам кога сум повреден, а видов дека Новак цело време се истегнува. Си реков: „Или имаат некој нов метод во Србија или ова е чудно…“ Тој има Негови луѓе, јас сум далеку од тоа да судам за автентичноста, но тешко ми е да повредувам во тоа“.
Нивниот меч заврши во корист на Ѓоковиќ со резултат 6:1, 6:7 (5-7), 6:2, 6:0, а на Куаку му е драго што барем го намачил славниот противник.
„Среќен сум што бевме рамноправни сет и пол. Кога ќе поминете низ ходникот во Род Лејвер арената и ќе видите дека тој ја освои титулата девет пати… Јас не би можел да освојам турнирот во мојот Маурициус десет пати“, заклучила 27. годишниот тенисер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди: Малта само мислеше како да се одбрани, ќе бидеме подобри со Украина и со Англија

„Десетката“ на Македонија, Енис Барди, смета дека нашиот национален тим сосема заслужено стигна до победа од 2:1 на вечерашниот меч против Малта во Скопје. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите.
„Заслужено победивме, постигнавме два гола, можевме и уште некој. Првиот чекор од овие квалификации беше успешен, очекувам да играме уште подобро против Украина и против Англија. Тешко е да се игра против Малта која само мисли како да се одбрани. Ќе бидеме уште подобри во иднина. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за поддршката“, изјави Енис Барди.
Македонија на 27 март ја очекува и пријателски натпревар против Фарски Острови на арената „Тодор Проески“.
Спорт
Хари Кејн најдобар стрелец во историјата на Англија

Kапитенот на Англија, Хари Кејн, со 54 гола вечерва стана рекордер во историјата на фудбалска репрезентација на гордиот Албион, откако беше стрелец на натпреварот против Италија во Неапол, во квалификациите за ЕП 2024 година.
Англија ја победи Италија со 1:2 во првото коло од групата Ц, а Кејн за националниот тим го постигна 54. гол на 81 натпревар.
Фудбалерот на Тотенхем го собори рекордот што го делеше со Вејн Руни, кој постигна 53 гола на 120 натпревари за англиската селекција.
Кејн ќе може да го подобри својот рекорд веќе о недела, кога Англија во второто коло ја пречекува Украина на „Вембли“.
Спорт
Милевски: Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни, важен е триумфот

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта го стартуваше новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2024. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите за нашиот национален тим, кој, сепак, не блескаше.
Селекторот Благоја Милевски доби црвен картон во завршницата од мечот.
„Добив црвен картон затоа што сум го напуштил просторот за водење на тимот крај клупата. За тоа се добива жолт картон, но ете јас поцрвенев. Сакам да им честитам на момците, за енергијата, за желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни. Најважно е дека победивме, а од натпревар во натпревар сме сѐ подобри. За жал, имаме повреди. Ѓоко Зајков со итна помош е одведен во болница, а Адеми се повреди на последниот тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.