Спорт
Куман не бил задоволен од формата и однесувањето на Пике

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, бил незадоволен од однесувањето и формата на ветеранот, Џерар Пике. Куман сметал дека Пике има големо влијание врз клупските челници, пишува „Марка“.
На Куман му пречело големото пријателство што го има Пике со претседателот Џоан Лапорта, сметал дека на тој начин ја фудбалерот ја крои клупската политика. Куман, сметал и дека лошата форма на Пике е една од причините за лошите резултати.
Инаку, Пике индиректно го обвини тренерот за поразот од Атлетико (2:0).
„Можевме да играме три часа и немаше да постигнеме гол“, рекол Пике по натпреварот во Мадрид.
Инаку Куман, не е единствениот кој е незадоволен, бојни негови колеги, веруваат дека Пике го ставил бизнисот пред фудбалот. Пике е еден од основачите на компанијата „Космос“, која е организатор на Дејвис купот во тенис.
Неговата компанија ги купи ТВ-права за натпреварите во француското првенство и тоа пред дебито на Лионел Меси за ПСЖ.
„Космос“, исто така е носител на ТВ-права за Серија Б и Копа Америка, а ги поседува акциите во фудбалскиот клуб Андора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бензема и Вини за голема победа во продолженија во жестокото мадридско дерби

Реал Мадрид се приклучи на Барселона, Осасуна и Атлетик Билбао во полуфиналето на Копа дел реј, откако во интересен, интензивен и контроверзен меч на „Сантијаго Бернабеу“ успеа да ги совлада лутите градски ривали, Атлетико Мадрид со 3:1 по продолженијата.
На мечот му претходеа контроверзи, откако навивачите на Атлетико Мадрид „обесија“ кукла од Винисиус Жуниор на еден од мостовите во Мадрид со порака: „Мадрид го мрази Реал“, а во деновите пред мечот во шпанските медиуми нашироко се пишуваше за наводната „забрана“ на навивачи на Атлетико на „Бернабеу“. Ова од Реал го демантираа, но потврдија дека доделиле под 350 билети за навивачите на Атлетико, бидејќи тие го направиле истото на претходниот меч на „Метрополитано“.
На теренот, првото полувреме, дефинитивно му припадна на тимот на Диего Симеоне, а поранешниот фудбалер на Реал, Алваро Мората во 19. минута го отвори резултатот по асистенцијата на Нахуел Молина. Второто полувреме, пак, започна со поинаква игра на „кралевите“, кои постојано вршеа притисок на голот на Јан Облак, пред во 79. минута од мечот супер-замената Родриго, конечно, да израмни.
Ритамот целосно се смени во продолженијата, кога Стеван Савиќ успеа да добие два жолти картони за две минути во 97. и 99. минута, за само пет минути подоцна, Карим Бензема да постигне гол за водство на Реал. Винисиус, кој беше во центарот на контроверзите пред мечот, во 120. минута од мечот стави точка за полуфинале на „кралевите“.
Спорт
Билбао ја освои „Месталја“ за полуфинале во Кралскиот куп

Атлетик Билбао успеа да ги совлада Валенсија со 3:1 на гости за да се пласира во полуфиналето на Кралскиот куп, приклучувајќи се на Барселона и на Осасуна, во исчекување на последниот полуфиналист по градското дерби меѓу Реал и Атлетико.
Икер Муниан ги донесе гостите во водство во 35. минута од мечот, пред Валенсија да успее да израмни со автоголот на Оскар де Маркос во 43. минута, за Нико Вилијамс со одличен гол по асистенцијата на неговиот постар брат Ињаки во 45. минута пак да ги донесе Билбао во водство.
Промените кои ги направи Џенаро Гатузо на полувреме донесоа поголема иницијатива на Валенсија, но во 74. минута беше досуден пенал за Атлетик, кој Микел Весга го реализираше за конечни 1:3.
Спорт
Реал го доби евролигашкото „Ел класико“ по драматични продолженија

Реал Мадрид се искачи на првото место на евролигашката табела, откако во големото шпанско и европско дерби по продолженијата со 91:86 беа подобри од Барселона во фантастичен меч полн со пресврти.
Во последната четвртина, Реал надополни двоцифрена разлика предводени од Серхио Љуљ, за во продолжението да доминира Џанан Муса за голем триумф во „Визинк центарот“. Мус, постигна половина од своите 18 поени во продолжението за да ја осигура победата.
Покрај Муса, Дек имаше одличен меч со 23 поени, 7 скока и една асистенција, додека Љуљ заврши со 17 поени. Кај Барселона, повторно најдобар беше Миртиќ со 15 поени и 2 скока.