Спорт
Куман: Платата на Гризман беше голем товар, не жалам што го пуштив Суарез
Роналд Куман, во општирно интервју за „Мондо Депортиво“, проговорил за Луис Суарез и Антоан Гризнан, евентуалниот трансфер на Килијан Мбаое во Реал Мадрид и за Мемфис Депај, за кого рекол дека „ќе ја обележи оваа ера на Барселона“.
Дали ви е жал што му дозволивте на Луис Суарез да го напушти клубот? Беше најдобар стрелец на Алетико и ја освои титулата со овој клуб.
„Воопшто не ми е жал. Дојдов во Барселона и сакав да сменам некои работи. Сметав дека е најдобро Луис да замине од клубот. Мислевме дека ќе се пресели во Јувентус, тој замина во Атлетико. Сепак не жалам, ја донесов одлуката која беше најдобра за клубот“, рекол Куман.
Кога Меси ја напушти Барселона зошто дозволивте клубот да остане и без Гризман?
„Клубот се ноѓа во чувствителна ситуација, му требаат пари. Гризман имаше јак договор во Барселона, поради тоа ни беше многу важно тој да се врати во Атлетико, да не бидеме ние тие кој ќе го плаќаат и во наредните три сезони. Сакам максимално да му помогнам на клубот, но на Барселона и беше потребен уште еден напаѓач. Позицијата на Гризман е тешко да се покрие на теренот, но ни беше важно да замине за да го растовариме буџетот за плати“, рекол холандскиот тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…