Контакт

Спорт

Куман за Гризман: Секој има право да зборува што сака, но јас ги давам наредбите

Објавено пред

Тренерот на Барселона, Роналд Куман му одговори на Антоан Гризман откако францускиот репрезентативец изјави дека сака да игра на позицијата на „деетка“, порачувајќи му дека ќе продолжи да биде поставуван на десната страна и дека тој треба да докаже дека тренерот греши.

За време на интернационалната пауза, прво францускиот селектор Дидие Дешам изјави дека Гризман е несреќен во Барса, а потоа по победата над Хрватска (2:1), самиот Гризман изјави дека Дешам „знае каде треба да го постави на теренот“.

Куман не реагира на критиките и вели дека самиот Гризман е одговорен да ја пронајде најдобрата форма.

„Секој има право да кажува што сака. Зборував со Антоан вчера бидејќи сакав, а не поради тоа што го кажа. Му порачав дека го сакам најдоброто за тимот и знам дека може да игра на десната страна без проблеми. Секој фудбалер е одговорен да ги подобри своите перформанси. Тој работи напорно, има одлична дисциплина и сега му треба малку среќа во финишот на акциите. За неговата позиција на теренот, се сеќавам кога бев холандски селектор и на мечот со Франција играше на десната страна. Тренерот ги дава наредбите. Немам проблем со Антоан, го сакам најдоброто за тимот и клубот. Знам дека можеби тоа е позицијата на која ој сака да игра, но не можеме да играме со двајца фудбалери со улога на ‘десетка’“, вели Куман.

Гризман од Загреб му испрати порака на Куман

Спорт

Хамилтон: Добар сум, имам само благи симптоми, ве молам, чувајте се!

Објавено пред

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, денеска дозна дека е позитивен на коронавирусот кога вчера утрината се разбудил со благи симптоми.

„По почнувањето на сезоната во јуни, екипата и јас ги преземавме сите мерки и ги почитувавме сите правила каде и да бевме, само да се заштитиме. За жал, иако минатата недела на три тестирања бев негативен, вчера се разбудив со благи симптоми и побарав ново тестирање, а резултатите беа позитивни. Веднаш отидов во 10-дневна изолација“, напиша Хамилтон на „Твитер“.

Претпоследната трка во Бахреин со сигурност ќе ја пропушти, а неизвесен ќе е неговиот настап и на последната трка во Абу Даби на 13 овој месец.

Хамилтон вели дека тешко му паднало што не може да се натпреварува в недела.

„Имам среќа што имам само благи симптоми, добро се чувствувам и ќе дадам сè од себе да останам физички подготвен и здрав. Ве молам, чувајте се, никогаш не може докрај да сте претпазливи. Ова се загрижувачки времиња и мораме да водиме сметка за себе и за другите“, заклучи Британецот.

Интересен е податокот што ова ќе биде првата трка што седумкратниот Ф1-шампион ја пропушта во кариерата.

Хамилтон позитивен на коронавирус

Прикажи повеќе...

Спорт

Браќата Гасол првпат во ист тим, и тоа во шампионски!?

Објавено пред

Она што со денови се шпекулира на социјалните медиуми набргу би можело да добие епилог. Сè поизвесно станува дека кошаркарските браќа По и Марк Гасол, конечно, ќе заиграат во иста екипа, и тоа шампионска – ЛА Лејкерс.

Двајцата ги бранеа боите на Барселона и Мемфис гризлис, Марк уште настапуваше и за шпанска Џирона и за Торонто репторс, а постариот брат беше дел од Чикаго, Сан Антонио и Милвоки Бакс.

По имаше големи проблеми со повредите, сè уште не се знае каква е неговата здравствена состојба, а целата приказна ја лансира најдобриот играч на денешницата, Леброн Џејмс.

„По во Лејкерс? Можеби, ќе видиме, ќе видиме… Многу сум среќен што го гледам Марк во Лејкерси. Тој е голем НБА-шампион. Освои прстен со Репторс плус Марк има освоено и трофеј за најдобар дефанзивец на годината“, рече Џејмс.

По никогаш не ги криел емоциите што ги има кон „езерџиите“, играше за оваа екипа од 2008 до 2014 година и освои шампионски прстен во тандем со Коби Брајант.

Прикажи повеќе...

Спорт

Голманот Едерсон: Најдобро шутирам пенали во екипата!

Објавено пред

Голманот на Манчестер сити, Бразилецот Едерсон, тврди дека тој е најдобриот изведувач на пенали во екипата иако стручниот штаб нема доверба во неговите способности.

„Граѓаните“ имаат голем проблем кога се работи за изведувањето пенали сезонава. Габриел Хесус, Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро, Илкај Гундоган и Кевин де Брујне промашуваа пенали сезонава.

„Порано тренирав и слободни удари, но тоа е минато, имаме добри изведувачи во тој сегмент. Што се однесува до пеналите, тука сум јас најдобар во екипата иако не шутирам на мечевите“, рече Едерсон.

Гвардиола во 2018 рече дека Едерсон нема да шутира пенали додека тој е на кормилото на Сити.

„Тоа нема да се случи затоа што е голман. Имаме други играчи што може да го сторат тоа, а имаме и почитување за натпреварувањата и противниците“, изјави Гвардиола.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија2 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија3 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион3 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија4 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија5 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија7 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион7 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија8 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет8 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет8 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет8 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет9 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет9 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија10 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија18 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет20 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион21 час

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија22 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Досие