Спорт
Квартараро на пол-позиција во Индонезија

По разочарувачкиот викенд во Катар пред две недели, светскиот шампион Фабио Квартараро одработи одлични квалификации за Големата награда на Индонезија, вторa трка од годинашниот календар на Мото ГП.
Францускиот мотоциклист стигна до пол-позицијата, а зад себе ги остави двајцата членови на Прамак Дукати, Хорхе Мартин и Јоан Зарко.
Од вториот ред утре ќе стартуваат Бред Бајндер (КТМ), Енеа Бастијанини (Грезини Дукати) и Франческо Бањаја (Дукати).
Трката за Големата награда на Индонезија е закажана за утре, со почеток од 8 часот по македонско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чеферин ги брани ПСЖ: Нема Реал Мадрид да ни кажуваат што да правиме!

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин застана во одбрана на Пари Сен-Жермен околу новиот богат оговор за францускиот напаѓач Килијан Мбапе, инсистирајќи дека и Реал Мадрид дале „слична“ понуда.
Француските медиуми тврдеа дека 23-годишниот Мбапе стана најплатениот фудбалер во историјата со потпишувањето на тригодишниот нов договор, нешто што предизвика бура реакции во Шпанија, каде што и Ла лига го пријави клубот пред УЕФА велејќи дека се работи за „скандалозна“ понуда која претставува опасност за илјадници работни места во европскиот фудбал.
Чеферин ги отфрла обвиненијата дека УЕФА ги игнорира прекршувањата на финансискиот ферплеј, посочувајќи на хипокризијата во Шпанија бидејќи Мадрид исто така му нудел богат договор на Мбапе.
„УЕФА има правила за финансиски ферплеј кои се доста стриктни. Кој ќе ги почитува правилата, ќе игра во нашите натпреварувања, кој нема, нема место за него, толку е едноставно. Ниту Реал Мадрид, ниту било кој ќе кажува што ќе прави УЕФА. Тие велат дека има скандал, но според тоа што го знам, нивната понуда беше слична со таа на ПСЖ“, вели Чеферин за „Би-би-си“.
Тој исто така вели дека нема промени на правилата за сопственост на клубовите, откако ПСЖ е во раце на Катар инвестмент ауторити (КИА), државната компанија од Катар, додека Манчестер сити е во сопственост на газди од Обединетите Арапски Емирати.
„Кажете ми еден аргумент зошто тие да не се сопственици на клуб? Ако кажете дека клубовите се во сопственост на фановите, заборавате дека сите англиски клубови имаат сопственици – од САД, од Англија, од Блискиот Исток. Така што ситуацијата е идентична и мака ми е од овие обвинувања без основа“, додава Чеферин.
Спорт
Трагичната смрт на таткото на Стив Кер мотив за страствениот говор против оружјето

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, поттикнат од личната трагедија, имаше страствен говор за посилни мерки да се ограничи насилството со оружје во САД откако 19 деца и 2 учители беа убиени во основното училиште „Роб““ во Увалде, Тексас во вторникот.
Кер, кој е роден во Бејрут, Либан, има лична причина за ваквата емотивна реакција, откако неговиот татко, Малколм Кер беше убиен од страна на шиитската терористичка организација Исламски Џихад во 1984 година, додека бил претседател на Американскиот универзитет во градот.
На прес-конференцијата по четвртиот меч о финалето на Западот против Далас маверикс, Кер одби да зборува за кошарката.
„Во последните 10 дена имавме стари црни луѓе убиени во супермаркет во Бафало, азиски верници убиени во јужна Калифорнија, а сега деца убиени во училиште. Кога ќе направиме нешто? Уморен сум! Уморен сум од стоење тука и нудење сочувство на семејствата. Уморен сум о минутите молк. Доволно! Има 50 сенатори кои одбиваат да гласаат за проверката при купување на оружје за закон кој Конгресот го донесе пред неколку години. Стои таму две години. Има само една причина за тоа, за да ја заддржат моќта. Сакам секоја личност тука да помисли на своето дете или внук, мајка или татко, сестра брат. Како ќе се чувствувавте да ви се случеше вам ова?“, изјави Кер.
Steve Kerr on today's tragic shooting in Uvalde, Texas. pic.twitter.com/lsJ8RzPcmC
— Golden State Warriors (@warriors) May 24, 2022
Спорт
Златан на операција, му следува пауза од осум месеци!

Златан Ибрахимовиќ бил на артоскопска операција на коленото и го очекува пауза од седум-осум месеци, потврдија италијанските шампиони Милан, уште повеќе зголемувајќи ги шпекулациите дека 40-годишниот ветеран ќе се повлече од фудбалот.
Швеѓанецот, кој минатиот викенд помогна Милан по 11 години „суша“ да го освои трофејот од Серија А, има договор со „росонерите“ до 1 јули.
„Златан Ибрахимовиќ беше на операција на левото колено кај докторот Бертран Сонери-Коте во болницата ‘Жан Мермо’ во Лион. Операцијата беше планирана подолго време за дефинитивно да се реши нестабилноста на зглобот преку реконструкција на лигаментите. Операцијата беше целосно успешна и прогнозата е за 7-8 месеци“, велат од Милан.
И покрај ова, дел од италијанските медиуми се сигурни дека Ибрахимовиќ ќе продолжи со Милан со намалување на платата од 7 на 2.5 милиони евра, а за тоа се поготвени двете страни. Според „Кориере дело сера“, во Милан ветуваат дека влијанието на Швеѓанецот на младиот тим е поважно од неговата минутажа.