Контакт

Спорт

Квитова испадна со 6:0, крај и за третата носителка Сабаленка

Објавено пред

Второто коло на тенискиот турнир во женска конкуренција, на Олимписките игри во Токио, донесе елиминации на фаворизираните Петра Квитова и Арина Сабаленка.

Квитова доживеа неуспех од Алисон ван Ујтванк. Квитова го доби првиот сет со 7/5, стигна до 3:2 во вториот сет и пото нејзината игра се распадна. Ван Ујтвак освои десет гема по ред и со 6/3 и 6/0 го заклучи мечот.

Уште поголемо изненадување направи Дона Векиќ од Хрватска која во три сета, по голема борба, ја победи третата тенисерка во светот, Сабаленка од Белорусија.

Векиќ го доби првиот сет со 6/4, Сабаленка возврати со 6/3 во вториот, а третиот сет Хрватската го бодби во тај-брејк.

Векиќ во наредната рунда ќе игра против Елена Рбакина, додека Ван Ујтвак за противничка ќе ја има Гарбиње Мугуруса.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пандев има нови американски газди – Прециози ја продаде Џенова

Објавено пред

Според повеќе италијански медиуми, американската инвестициска компанија „777 Партнерс“ формално ги купиле мнозинството акции во италијанскиот прволигаш Џенова за 150 милиони евра.

Претседателот на Џенова, Енрико Прециози подолго време преговараше за продажба на клубот на американската компанија од Мајами, која исто така е малцински сопственик во шпанскиот прволигаш Севилја.

Претходно, „Ла Газета дело спорт“ тврдеше дека Прециози ќе остане малцински сопственик во следните три години. Прециози ја купи Џенова во 2003 година, кога клубот беше во тешка финансиска состојба и играше во Серија Ц1.

Прикажи повеќе...

Спорт

Суринамскиот потпретседател е и фудбалер, капитен, газда, командос!

Објавено пред

Рони Брансвајк, 60-годишниот потпретседател на Суринам, беше стартер и одигра 54 минути за Интер Менготапе на вчерашниот меч од ЦОНЦАЦАФ-лигата од Олимпија.

Брансвајк, кој е сопственик и претседател на клубот, беше и капитен на тимот и играше до второто полувреме пред да биде заменет. Неговиот тим немаше многу среќа и загуби со 6:0.

Брансвајк е поранешен лидер на Суринамската ослободителна армија, попозната како „Команданти во џунглата“, и во 1985 година се бореше за правата на Афросуринамците, а потоа беше дел од граѓанската војна од 1986 до 1992. По војната, Холандија, која до неодамна имаше суверенитет на оваа јужноамериканска земја, го обвини Брансвајк за продажба на дрога и тој беше осуден во 1999 година.

Фудбалот му е втора страст – тој покрај тоа што е играч и сопственик на Интер Менготапе, го изгради и стадионот на клубот, кој го носи неговото име. Во 2005 година тој беше суспендиран затоа што му се закани на фудбалер со пиштол пред во 2012 да биде суспендиран за закана кон судијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goal (@goalglobal)

Прикажи повеќе...

Спорт

Мартинез не е заинтересиран за клупата на Барса: Тоа се само шпекулации!

Објавено пред

Селекторот на фудбалската селекција на Белгија, Роберто Мартинез, ги отфрли шпекулациите што се појавија денеска во многубројни европски медиуми дека тој ќе е наследникот на Роналд Куман на клупата на Барселона. Меѓу кандидатите за нов кормилар на каталонскиот клуб се споменуваат и имињата на Андреа Пирло и Антонио Конте.

„Како што претпоставувате – немам што да кажам. Тоа се шпекулации, секогаш ги има, тоа е нормално во фудбалот. Кога ќе загубиш три натпревари, се појавуваат шпекулации дека ќе ја загубиш работата. Кога работите одат добро, кога има резултати, и тогаш ќе има шпекулации. Во овој момент немам коментар“, вели тој.

По 6 кола во Ла Лига, Барселона е осма на табелата со 2 победи и 2 нерешени, со два меча помалку од водечкиот Атлетико Мадрид.

Мартинез, пак, е селектор на „ѓаволите“ од 2016 година. На клупско ниво 48-годишниот Шпанец бил предводник на Свонси, Виган и на Евертон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Приведена очна лекарка од Куманово која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија3 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија6 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во завиност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија7 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија7 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија7 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион8 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија8 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион9 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија11 час

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија11 час

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет11 час

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет12 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие