Контакт

Спорт

„Л’Екип“ првпат даде оценка „кец“ за еден тренер

Објавено пред

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ има препознатливо строг систем на оценки за фудбалските мечеви, но и дури под овој стриктен систем, ниту еден тренер пред Кике Сетиен не добил оценка „кец“.

Барселона вчера загубија во неверојатен меч со 8:2 од Баерн Минхен и оценувачите на „Л’Екип“ не беа нежни.

Покрај „кецот“ за Сетиен, пет фудбалери на Барселона завршија со оценка 2/10 – Жерард Пике, Нелсон Семедо, Серхио Бускетс, Френки де Јонг и Артуро Видал. Марк-Андре Тер Штеген, Клемен Ленгле, Жорди Алба, Серхи Роберто и Лионел Меси добија по „тројки“, а најдобро беше оцвенет Луис Суарез со четири.

Од другата страна, Томас Милер доби највисока оценка – деветка, а осумки отидоа кај Серж Гнабри, Иван Перишиќ, Ентони Дејвис и Џошуа Кимих, додека иста оценка доби и тренерот Ханси Флик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Кандрева потпиша за Сампдорија

Објавено пред

Сампдорија потврди дека фудбалерот од средниот ред, Антонио Кандрева, пристигна од Интер со четиригодишен договор за клубот од Џенова.

Кандрева пристигнува на заем од една сезона со обврска да го купат на крајот на 2019/2020 за речиси 3 милиони евра.

33-годишниот Кандрева се врати во форма минатата сезона со седум гола и девет асистенции во 40 меча за Интер, но кај „неаѕурите“ немаше место за него по пристигнувањето на Александар Коларов и Ашраф Хакими. Вкупно, тој одигра 151 натпревар за „неаѕурите“ кога пристигна од Лацио за 22 милиона евра во 2016.

Кандрева исто така има 54 настапи за италијанската репрезентација, но последниот му беше во март 2018 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хабиб: Со тренинзите се борам против депресијата

Објавено пред

Хабиб Нурмагомедов вели дека со тренинзите и подготовките за мечот со Џастин Гетџи за УФЦ-титулата во лесна категорија се бори со депресијата пред првиот меч по смртта на неговиот татко и тренер, Абдулманап Нурмагомедов.

Хабиб ќе се судри со Американецот Гетџи во главниот меч на УФЦ 254 во Абу Даби на 24 октомври и во видео објавено на неговиот „Инстаграм“ тој зборува за смртта на својот татко во јули по компликациите по заразувањето со коронавирусот.

„Тренирам постојано бидејќи на некој начин со тоа се штитам од депресијата. Тренирам постојано и тоа ми се допаѓа. Тренирам цел живот за да имам добра енергија за да бидам здрав. И мојот татко беше таков. Неговите пријатели секогаш зборуваа дека каде и да оди, со него имаше торба – прво да најде место за спиење, а потоа да најде каде да тренира. Додека сум активен спортист, тоа е важно за мене, а за потоа ќе видиме, ќе биде лошо“, вели Хабиб.

 

View this post on Instagram

 

В Дагестане ☝️#ufc254

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on Sep 24, 2020 at 11:10pm PDT

Прикажи повеќе...

Спорт

Атлетико му посака добредојде на Суарез

Објавено пред

Атлетико Мадрид го потврди трансферот на Луис Суарез од Барселона потпишувајќи двегодишен договор со „рохибланкос“.

Суарез пристигнува во шпанската престолнина по шест сезони со Барселона, но и со горчина во устата по конфликтот со управата и со новиот тренер Роналд Куман, кој веднаш во двеминутен телефонски разговор му кажа дека не е пожелен во клубот. Денеска се јави и Лионел Меси со свој коментар дека Суарез не го заслужувал тоа што го добил од Барса по сите голови што ги постигна со клубот во кој е трет најдобар стрелец со 198 гола во 283 меча.

Се верува дека Атлетико платил само 6 милиони евра за неговиот трансфер откако можноста да замине во Јувентус пропадна поради долгиот процес за добивање италијански пасош.

Меси критикува: Во Барса ништо повеќе не може да ме изненади

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: Пописот ќе се спроведе во април, одложување нема да има

Нема да има ново одложување на пописот, ќе се спроведе во април 2021 година, истакна премиерот Зоран Заев. Тој потсети...

Топ2 часа

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на...

Регион3 часа

Загинаа двајцата пилоти од воениот авион што се урна во Србија

Српското Министерството за одбрана потврди дека загинале двајцата пилоти при уривањето на авионот „миг-21“ за време на воена вежба. Надлежните...

Македонија3 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија4 часа

Спасовски: Нападнатиот полицаец од дрвокрадци има фрактура на черепот и е во тешка состојба

Еден од петтемина полицајци од Велес, кои синоќа биле нападнати од дрвокрадци, има тешки телесни повреди. Тој од синоќа е...

Македонија4 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа5 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија7 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија7 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет7 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија8 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија8 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион9 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет10 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет10 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет10 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија10 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион10 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет1 ден

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ1 ден

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Досие