Спорт
Лапорта не жали за Меси бидејќи никој не е над клубот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапрота, вели дека не жали што дозволил Лионел Меси да замине во Пари Сен-Жермен во текот на летото бидејќи никој не е над клубот.
Легендарниот Аргентинец замина од клубот кога Барселона не успеа да најде простор во нивниот буџет за да му го обнови договорот и да ги почитува правилата на шпанската Ла Лига ставајќи крај на верноста на клубот што траеше со децении.
Многу критичари сметаа дека двете страни можеа да направат повеќе за да се реализира договорот (иако Меси се согласи на 50 отсто намалување на платата), а зачуди што веќе во јануари Барселона даде 50-ина милиони евра да го донесе Феран Торес од Манчестер сити. Лапорта инсистира дека реагирал за доброто на клубот.
„Заминувањето на Меси? Тоа беше најтешката одлука што ја направив. Не сакав да ја направам бидејќи Меси е најдобриот играч во историјата, но таква беше ситуацијата. Морав да направам таква одлука и не жалам. Никој не е над клубот. Со состојбата со Меси ја сфативме нашата реалност. Но, историјата на Барселона продолжува и со напорна работа и вистински одлуки ќе се вратиме на успесите. Го правиме тоа во моментот“, изјави Лапорта за клупската телевизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лаутаро и Мартинез лути на Мбапе за потценувањето на јужноамериканскиот фудбал

Ѕвездата на Интер, Аргентинецот Лаутаро Мартинез признава дека не бил импресиониран од изјавата на Килијан Мбапе околу споредбата на европскиот и јужноамерикански фудбал.
Пред Светското првенство во Катар во ноември, ѕвездата на ПСЖ изјави дека европските репрезентации имаат значителна предност пред јужноамериканските репрезентации.
„Аргентина нема одиграно мечеви со голем квалитет да стигне до Мундијалот. Во Јужна Америка фудбалот не е толку развиен како во Европа. Затоа на последните Светски првенства победуваат европските репрезентации“, изјави Мбапе.
Лаутаро не се согласува.
„Мнозинството од нашата репрезентација ја сочинуваат фудбалери од Европа и секогаш работиме на највисоко ниво. Задоволни сме од нашата работа. Видов што кажа Мбапе, но треба да сфати дека Аргентина и Бразил имаат големи фудбалери со неверојатен талент. Бразил, исто како нас, има многу фудбалери во Европа, така што коментарот не беше фер“, изјави Лаутаро.
Голманот на Астон вила и на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез се согласува.
„Боливиј во Ла Паз, Еквадор со жештина од степени, Колумбија, каде што едвај се дише… Во Европа играат на совршени терени и немаат поим за Јужна Америка. Кога ние одиме на тренинг со репрезентацијата имаме два дена патување. Кога англиски фудбалер ои со репрезентацијата, тој е таму за половина час. Нека одат во Колумбија и Еквадор да видат колку е лесно“, коментираше Мартинез.
Спорт
Пелистер и МЗТ Скопје со предност во плејофот

Актуелниот шампион МЗТ Скопје стигна до 77:52 победа над ТФТ Скопје за водство во полуфиналната серија од плејофот, а во Битола, Пелистер со 93:84 го совладаа Еуро Никел за голема предност.
„Металците“ не дозволија ново изненадување како тоа што им го приредија ТФТ во финалето на Купот на Македонија, поведувајќи со 21:17 по првата четвртина, предност која ја оддржаа во текот на целиот меч. Немања Милошевиќ со 13 поени беше најефикасен за МЗТ, Дејвис имаше 12, додека кај ТФТ, Хортон имаше 13 поени. Вториот меч од полуфиналето е во недела.
Пелистер пак, имаше убедлива предност од над 20 поени разлика против минатогодишниот вицешампион, пред во второто полувреме гостите да ја вратат рамнотежата. Малешевиќ со 27 и Кесар со 24 беа најефикасни за Пелистер.
Фото: КФМ
Спорт
Анчелоти го препредува Реал: Единственото финале кое го загубив беше со најдобра игра

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, верува дека неговите фудбалери се целосно подготвени да му ја донесат четвртата титула од Лигата на шампоните, но предупреди дека единственото финале кое го загубил било тоа со најдобрата игра, славниот колапс на Милан против Ливерпул во 2005.
Анчелоти, кој освои трофеи од ЛШ со Милан во 2003 и 2007 и со Реал во 2014 (славната „десима“), признава дека уште го „боли“ поразот од Ливерпул во Истанбул, кога Милан имаше 3:0 предност за да примат три гола во шест минути во второто полувреме и да загубат на пенали.
„Ова е мое петто финале и имам добри сеќавања од сите тие мечеви. Ретко мислам на тоа, но единственото финале кое го загубив беше тоа со најдобра игра во 2005 година. Не сакам мојот тим да игра лошо, секако, но ги предупредив дека работите може да тргнат наопаку во финалето. Мораме да бидеме подготвени на секоја ситуација“, предупредува Анчелоти пред утрешното финале.
Анчелоти и Милан се одмаздија на Ливерпул во 2005 година со 2:1 победа во финалето во Атина.