Спорт
ЛЕ: Гринвуд пак блесна за Јунајтед, Башакшехир го шокираше Менхенгладбах (видео)
Борусија Менхенгладбах излета во групната фаза во Лига Европа, откако во финишот на мечот прими гол за 1:2 пораз од Башакшехир, со кој турскиот клуб го освои првото место во групата Ј пред Рома, која одигра само 2:2 со австрискиот Волфсбергер, додека Мејсон Гринвуд постигна два гола за Манчестер јунајтед со убедлива 4:0 победа над АЗ Алкмар да го завршат натпреварувањето по групи.
Менхенгладбах со 1:1 беше на првото место на табелата во групата Ј пред Рома, но голот на Французинот Енцо Кривели во 90-тата минута го крена Башакшехир на првото место со 10 поени, пред Рома со 9.
На „Олд Трафорд“, со многу изменет состав, тимот на Оле Гунар Солскјер стигна до убедлива 4:0 победа над холандскиот Алкмар, благодарение на двата гола на Гринвуд, но и голот и асистенцијата на Хуан Мата. Гринвуд, со ограничен број на натпревари оваа сезона, има постигнато 6 гола за „ѓаволите“ и е втор најдобар стрелец во тимот по Маркус Рашфорд со 13 гола.
И вториот премиерлигашки претставник, Вулверхемптон е во нокаут фазата откако со 4:0 го декласираше Бешикташ благодарение на хет-трикот на Диого Жота.
ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА Г
Порто – Феенорд 3:2
Ренџерс – Јанг бојс 1:1
Табела: 1.Порто 10, 2.Ренџерс 9, 3.Јанг бојс 8, 4.Феенорд 5
ГРУПА Х
Еспањол – ЦСКА Москва 0:1
Лудогорец – Ференцварош 1:1
Табела: 1.Еспањол 11, 2.Лудогорец 8, 3.Ференцварош 7, 4.ЦСКА М. 5
ГРУПА И
Волфсбург – Сент-Етјен 1:0
Гент – Олександрија 2:1
Табела: 1.Гент 12, 2.Волфсбург 11, 3.Сент-Етјен 4, 4.Олександрија 3
ГРУПА Ј
Рома – Волфсбергер 2:2
Борусија Менхенгладбах – Башакшехир 1:2
Табела: 1.Башакшехир 10, 2.Рома 9, 3.Борусија М. 8, 4.Волфсбергер 5
ГРУПА К
Слован Братислава – Брага 2:4
Вулверхемптон – Бешикташ 4:0
Табела: 1.Брага 14, 2.Вулфс 13, 3. Слован Б. 4, 4.Бешикташ 3
ГРУПА Л
Манчестер јунајтед – АЗ Алкмар 4:0
Партизан – Астана 4:1
Табела: 1.Манчестер ј. 13, 2.Алкмар 9. 3.Партизан 8, 4.Астана 3
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АЛКМАР
РОМА – ВОЛФСБЕРГЕР
ВУЛВЕРХЕМПТОН – БЕШИКТАШ
ВОЛФСБУРГ – СЕНТ-ЕТЈЕН
ПОРТО – ФЕЕНОРД
РЕНЏЕРС – ЈАНГ БОЈС
ЛЕ: Клуж го исфрли Лацио, Арсенал први откако Ајнтрахт загуби добиен меч (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.