Контакт

Спорт

ЛЕ: Гринвуд за победа на Јунајтед,  реми за Партизан, понижување за Менхенгладбах (видео)

Објавено пред

Манчестер јунајтед настапите во Лига Европа ги стартуваше со тешко извојувана 1:0 победа над казахстанскиот клуб Астана, додека во истата група, Партизан херојски пред 20.000 деца стигна до 2:2 реми со АЗ Алкмар. Во Менхенгладбах пак, домашната Борусија доживеа понижувачки 0:4 пораз од дебитантот во ЛЕ, австрискиот Волфсбергер.

„Ѓаволите“ на „Олд Трафорд“ се мачеа со Астана, пред во 73. минута, 17-годишниот Мејсон Гринвуд да го постигне првиот гол за сениорскиот тим за победа на тимот на Оле Гунар Солскјер. Во истата група, Партизан го играше последниот меч под „казна“ на УЕФА, но на трибините имаше 20.000 деца кои го видеа тимот на Саво Милошевиќ како стигнува до 2:2 реми со АЗ Алкмар.

Во Менхенгладбах, пак, се случи вистинско чудо откако тимот на Волфсбергер во својот прв настап во големите европски натпреварувања стигна до неверојатна 4:0 победа обезбедена со дури три гола во првото полувреме. Во истата група, Рома немаше проблеми и со 4:0 го совлада турски Башакшехир.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО

ГРУПА Г

Порто – Јанг бојс 2:1

Глазгов Ренџерс – Феенорд 1:0

ГРУПА Х

Еспањол – Ференцварош 1:1

Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1

ГРУПА И

Гент – Сент-Етјен 3:2

Волфсбург – Олександрија 3:1

ГРУПА Ј

Рома – Башакшехир 4:0

Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4

ГРУПА К

Слован Братислава – Бешикташ 4:2

Вулверхемптон – Брага 0:1

ГРУПА Л

Манчестер јунајтед – Астана 1:0

Партизан – АЗ Алкмар 2:2

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – АСТАНА

РОМА – БАШАКШЕХИР

БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – ВОЛФСБЕРГЕР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Во Тотенхем потврден позитивен тест на коронавирус

Објавено пред

Неименуван член на Тотенхем имал позитивен тест на коронавирусот, потврди тимот по последните тестирања на сите клубови во Премиер лигата.

Шемата на тестирање во Премиер лигата почна на 17 мај и досега имаше четири рунди тестирање, со еден позитивен тест во средата од 1.200 тестирани.

„Премиер лигата може да потврди дека на тестовите од 1 јуни и 2 јуни, направени на 1.197 фудбалери и членови на тимот, кои беа тестирани на Ковид-19, има еден позитивен. Човекот што беше позитивен сега оди во самоизолација од седум дена“, се вели во соопштението од Премиер лигата.

Вкупно 13 луѓе имаа позитивни тестови, од кои шест беа во првата рунда на тестирања на 17 и 18 мај. Во Премиер лигата остануваат да се доиграат девет кола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кеш: Федерер не е ниту втор најдобар во историјата

Објавено пред

Австралиската тениска легенда Пет Кеш вели дека Роџер Федерер не само што нема да биде запаметен како најдобар тенисер во историјата, туку нема да биде ниту на второто место на оваа „вечна листа“.

Федерер е сопственик на рекордни 20 гренд слем титули, но неговите лути ривали, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се многу блиску – Шпанецот има 19, а Србинот 17 големи трофеи. Покрај тоа, Федерер има негативен скор против двајцата и Кеш смета дека тој ќе треба да се оценува според дуелите со своите главни ривали.

„Сите велат дека Федерер е најдобриот тенисер во историјата, но искрено, тој не е ниту втор најдобар во сопствената ера. Тешко е да се поверува, но така. Ако си најдобар на сите времиња, треба барем да имаш подобар скор против своите двајца најдобри ривали. Тоа треба да е првиот фактор. Според ударите кои ги упатува, за мене Федерер е најдобриот кого сум го гледал. Но, на многу начини тој е и старомоден и новите подлоги и топчиња не му одговараат. Тој има неверојатен успех, но Ѓоковиќ е многу блиску и бргу ќе го помине“, вели Кеш.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бундеслигата нема да ги казнува протестите на фудбалерите

Објавено пред

Германската фудбалска федерација (ДФБ) дозволи фудбалерите во Бундеслигата да ги поддржуваат протестите по смртта на Џорџ Флојд и покрај тоа што вообичаено ги казнува политичките протести.

ДФБ потврди дека нема да се поднесе дисциплинска постапка против фудбалерите на Борусија Дортмунд, Ашраф Хакими и Џејдон Санчо, Вестон Меккени од Шалке и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах, кои протестираа со маички и со симболи за време на мечевите. Санчо доби жолт картон кога го соблече дресот за да покаже маичка со „Правда за Џорџ Флојд“, но тоа беше поради соблекувањето на дресот, а не поради слоганот.

ФИФА исто така го прекрши сопственото правило објавувајќи дека федерациите треба да имаат здрав разум во дозволувањето на протестите.

„Во овој специфичен случај се работи за намерни акции за да се покаже антирасизам, вредности што ДФБ ги поддржува“, изјави претседателот на дисциплинската комисија на ДФБ, Антон Нахрајнер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Комисијата предлага карантин во некои општини од четврток вечер до понеделник наутро

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за повторно враќање на полицискиот час за време на претстојниот продолжен...

Топ3 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија3 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија4 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија6 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија6 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет9 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа9 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет9 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет11 час

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа11 час

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион23 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет23 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет24 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија1 ден

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија1 ден

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион1 ден

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Досие