Спорт
ЛЕ: Кејн со гол број 200, Тотенхем со нова победа во Бугарија, трилер меѓу Бенфика и Ренџерс
Тотенхем вторпат оваа сезона гостуваше во Бугарија, овојпат кај шампионот Лудогорец, и стигна до рутинска 1:3 победа, Бенфика и Ренџерс одиграа трилер меч во Лисабон, додека Рома го „прегази“ ЦФР Клуж на „Олимпико“.
Хери Кејн и Лукас Моура донесоа 0:2 водство за тимот на Жозе Мурињо во првото полувреме, пред клубот од Ловеч во 50. минута да намали на 1:2 со голот на Кесеру. Сепак, Џовани Ло Селсо во 62. минута го постигна првиот гол за Спарси за клубот да се опорави по 1:0 поразот од Антверпен во претходното коло.
Во Лисабон, Бенфика и Ренџерс одиграа неверојатни 3:3, откако португалскиот клуб со 10 играчи постигна два гола во финишот на мечот за неверојатен камбек. Николас Отаменди доби црвен картон уште во 13. минута, откако домаќините поведоа со автогол. Ренџерс за една минута постигнаа два гола (24. и 25. минута) за пресврт и 1:2 на полувреме, а имаа и 1:3 водство во второто полувреме, пред враќањето на Бенфика.
Во Рим немаше вакви драми – Рома со 5:0 го декласираше ЦФР Клуж, додека Наполи со Елиф Елмас како стартер стигна до тешка 2:1 победа над Риека.
ГРУПА А
Рома – ЦФР Клуж 5:0
Јанг Бојс – ЦСКА Софија 21.00 ч.
ГРУПА Б
Рапид Виена – Дандалк 4:2
Арсенал – Молде 21.00 ч.
ГРУПА Ц
Хапоел Бер Шева – Баер Леверкузен 2:4
Славија Прага – Ница 3:2
ГРУПА Д
Бенфика – Ренџерс 3:3
Лех Познањ – Стандард Лиеж 3:1
ГРУПА Е
Омонија – Гранада 0:2
ПАОК – ПСВ Ајндховен 4:1
ГРУПА Ф
Риека – Наполи 1:2
Реал Сосиедад – АЗ Алкмар 1:0
ГРУПА И
Сиваспор – Карабаг 1:0
Вилјареал – Макаби Тел Авив 21.00 ч.
ГРУПА Ј
Лудогорец – Тотенхем 1:3
Антверпен – ЛАСК Линц 21.00 ч.
ЛУДОГОРЕЦ – ТОТЕНХЕМ
РОМА – КЛУЖ
БЕНФИКА – РЕНЏЕРС
РИЕКА – НАПОЛИ
ХАПОЕЛ БЕР ШЕВА – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
ПАОК – ПСВ АЈНДХОВЕН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…