Спорт
Легендата на Лацио се пресели во Бешикташ
Легендата на Лацио, Чиро Имобиле по осум сезони го напути клубот. Кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
Навивачите на црно-белите од Истанбул го пречекаа Имобиле со цвеќе и огномет.
Се верува дека раководството на Бешикташ издвоило од два до три милиони евра за откупот, а Италијанецот се вели дека потпишал двегодишен договор со турскиот клуб.
#Besiktas’ fans on fire to celebrate Ciro #Immobile at Istanbul Airport. They are already in love with the italian striker… pic.twitter.com/iA7F5C8ODO
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 12, 2024
Имобиле одигра 270 натпревари во Серија А во небесно синиот дрес, постигна 169 голови. Со Лацио го освои Купот на Италија во 2019 година и Суперкупот два пати, во 2017 и 2019 година.
Сстана европски шампион во 2021 година со репрезентацијата, но не беше повикан да го брани трофејот во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн сака да ги задржи Мусијала и Кимих
Баерн Минхен во следните неколку дена ќе ги интензивира преговорите за продолжување на соработката со Џошуа Кимих и Џамал Мусијала.
Макс Еберле, спортскиот директор на Баварците, истакна дека и двајцата фудбалери се подеднакво важни за клубот и дека повеќекратниот европски шампион ќе направи се што е во нивна моќ да ги задржи и двајцата.
Поминувајќи низ школите на Саутемптон и Челзи, како и помладите репрезентативни селекции на Англија, 21-годишниот Мусиала дојде во Баерн во 2020 година и има договор до јуни 2026 година. Најчесто Мусиала се поврзува со Манчестер сити.
Осум години постариот Кимих е во Баерн од 2015 година кога го напушти Лајпциг, а последните две години се поврзува со Барселона.
Баерн со три победи во три натпревари ја отвори новата сезона во Бундеслигата, вечерва од 21 часот, во Минхен го игра натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Динамо Загреб.
Спорт
Баерн му забрани на Динамо да тренира: Можете само да се сликате…
Пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите во новиот формат, се случи несекојдневна ситуација во Минхен, пред дуелот помеѓу Баерн и Динамо Загреб.
Челниците на баварскиот гигант им забранија на играчите на Динамо да тренираат на теренот каде вечерва од 21 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло во елитното натпреварување.
Причината е многу лошата состојба на теренот на „Алијанц арената“, кој датира од Европското првенство кое заврши пред два месеци.
Хрватските медиуми пренесуваат дека теренот е полн со дупки и прилично нерамен и затоа Баерн не дозволи гостите да тренираат на овој терен.
Баерн двапати ја менуваше подлогата од полуфиналето на ЕП на 10 јули, но тоа не помогна, бидејќи високите температури ја уништија тревата.
Затоа Динамо не тренираше во Минхен, туку тоа го направи во текот на денот во Загреб, а во вечерните часови во понеделник играчите можеа само да се фотографираат на стадионот.
Спорт
Менди го продолжи договорот со Реал
Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди постигна договор со клубот и ја продолжи соработката.
Договорот на Менди истекуваше следното лето, но челниците на клубот успеаја да го убедат да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2027 година.
Менди во Реал пристигна пред пет години, му беше потребно време да се прилагоди, имаше проблеми со повреда, но успеа да се докаже и како што времето одминуваше стана еден од најважните дефанзивци во тимот на шпанскиот великан. На трансферот на менди пред пет години од Лион инсистираше тогашниот тренер на Реал, Зинедин Зидан.