Спорт
Легендата на Сити е новиот менаџер на Барнли

Поранешниот капитен на Манчестер Сити, Винсент Компани (36) е новиот менаџер на Барнли.
Белгиецот во претходните две сезони го водеше Андерлехт, со кој се раздели во мај откако заврши на третото место во националниот шампионат.
Барнли, го отпушти Шон Дајч во април, Мајк Џексон привремено ја презеде работата, но тој не успеа да спречи испаѓање во Чемпионшип.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот што претстои. Барнли е клуб со голема традиција и чест ми е што станав менаџер. Импресиониран сум од визијата на менаџментот што се поклопува со мојата“, изјави Компани.
Белгиецот играше единаесет години во Сити, освои десет трофеи, меѓу кои четири титули во Премиер лигата.
We are delighted to confirm the appointment of Vincent Kompany as first-team manager.
Welcome to Burnley, @vincentkompany! ?#WelcomeKompany | #UTC
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) June 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Два гола и една асистенција за Миовски во шкотската Премиерлига

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува да „тресе“ за Абердин во шкотската Премиерлига, откако го предводеше својот тим до 4:0 победа над Рос каунти со два гола и една асистенција за само 54 минути на теренот.
Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. минута му асистираше на Мекгрет за 3:0, за во 54. минута да го постигне и својот втор гол за фантастична победа.
Ова е само прва победа за Абердин во првите пет кола од новиот шампионат и тие се на претпоследното место на табелата со 5 освоени поени.
BM 9⃣ is our Halliburton Man of the Match 🔥#StandFree pic.twitter.com/9aCeLOquVN
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) September 24, 2023
Aberdeen are in cruise control at Pittodrie! 🎯
⏱️ 48' Jamie McGrath nets the third
⏱️ 52' Bojan Miovski makes it four#BBCFootball pic.twitter.com/hsExGMEQue— BBC Sport Scotland (@BBCSportScot) September 24, 2023
Спорт
Прва лига: Шкендија на врвот, Струга ТЛ подобра од Работнички, Гостивар го победи Вардар

Шкендија ја победи Македонија ЃП со 1:0 и сега е осамена на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Ералдо Чинари беше стрелец на победничкиот гол во 59.минута од дуелот.
Брера и Силекс ремизираа во Струмица, 1:1. Марко Ѓорѓиевски се погрижи за 0:1, а Анѓелески во 58.минута не реализира пенал за гостите. Брера успеа да израмни и да освои бод со голот на Трајков во 76.минута.
Струга Трим Лум го победи Работнички со 1:0. Бесарт Ибраими не успеа да искористи пенал, но младиот дефанзивец Идризи го постигна голот за триумф во 50.минута од мечот.
Шкупи со пресврт дојде до триумф од 2:3 на гости против Воска. Домаќините експресно поведоа преку Марушиќ, но потоа голманот Велии направи грешка што ја искористи Суад Сахити.
Дуду во 33.минута се погрижи за пресврт од 1:2, а Арби Воша зголеми на 1:3. Марушиќ од пенал намали на 2:3 во 82.минута.
Гостивар го победи Вардар на СЦ „Борис Трајковски“ во Маџари со 0:2 и го испрати на дното на табелата. Новото засилување Кенхинде со удар со глава донесе предност за гостиварци, а Гоба на крајот го потврди триумфот.
Тиквеш во Кавадарци со пресврт дојде до триумф од 2:1 против Брегалница. Штипјани до предност дојдоа во 28. минута со голот на Колин Андерсон. Сепак, по грешката на Лвалива, Спахиу израмни на 1:1 во 59. минута. Брегалница не искористи пенал преку Венегас во 69.минута, а Иван Ивановски постигна победнички гол за Тиквеш.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито на северен Лондон, нова мизерија за Челси!

Големото дерби на северен Лондон, повторно донесе искри, голови и неизвесност, за на крајот Арсенал и Тотенхем да се задоволат со 2:2 реми. Челси на Маурисио Почетино пак, никако да излезе од кризата по 0:1 поразот од Астон вила, додека Ливерпул и Брајтон продолжија со своите победи во шестото коло на Премиерлигата.
Арсенал дојдоа во водство во 22. минута со автоголот на Кристијан Ромеро, но гостите бргу се вратија во игра, откако Сон Хеунг-Мин израмни во 42. минута. Во второто полувреме, „топчиите“ пак беа во предност со голот на Букајо Сака во 54. минута од пенал, за експресно во 55. минута Сон пак да израмни.
На „Стемфорд Бриџ“ пак, имаше само очај за домашните навивачи. Мало Густо во 58. минута доби директен црвен картон, а Астон вила го искористи тоа и дојде до водство преку Оли Воткинс во 73. минута од мечот. По пет кола, тимот на Маурисио Почетино е на 14. место на табелата со само една победа.
На „Енфилд“, Ливерпул поведе преку голот од пенал на Мохамед Салах во 16. минута, но Вест хем израмнија преку Џеред Боуен во 42. минута од мечот. Уругваецот Дарвин Нуњез ја продолжи добрата форма со победничкиот гол во 60. минута од мечот, за Диого Жота во 85. минута да ги потврди трите поени.
ПРЕМИЕРЛИГА, 6.КОЛО
Челси – Астон вила 0:1
Арсенал – Тотенхем 2:2
Ливерпул – Вест хем 3:1
Брајтон – Борнмут 3:1