Спорт
Лејкерси го победија Бостон, Далас против Бруклин промашија 37 тројки

Лејкерси, во НБА класикот, ги победија Бостон Селтикс со 117:102. Ова беше 296 пресметка на франшизите кои имаат освоено по 17 шампионски титули. Изминатата ноќ, покрај Лејкерси победи забележаа Бруклин и Њујорк.
Леброн Џејмс со 30 поени беше најефикасен кај Лејкерси, во триумфот над Селтикс. Дабл-дабл постигаа Расел Вестбрук (24 поени, 11 асистенции) и Ентони Дејвос (17 поени, 16 скокови).
Босотн имаше само еден расположен играч, Џејсон Тејтум кој со 34 поени беше најефикасниот на натпреварот.
Бруклин во Тексас, ги победија Далас Маверикс 102:99. Последната четвртина Бруклин, благодарение на Кевон Дурент, ја добија со 27:13. Клучен за победата беше шутот за три поени на Далас. Маверикс погодија само девет тројки од 46 обиди.
Дурент постигна 24 поени, Харден 23 поени, девет скока и 12 асистенции кај Бруклин, додека Далас го предводеа Лука Дончиќ со 28 поени и Кристапс Прозингис со 17 поени и 12 скокови.
Њујорк Никс без проблем го минаат гостувањето во Сан Антонио. Никс славеа победа 121:109. Ар Џеј Берет со 32 поени го предводеше Њујорк. Берет погоди седум тројки од осум обиди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бањаја победи на спринтот во Муџело

Актуелниот светски шампион Франческо Бањаја триумфираше на спринт трка што се возеше како дел од Големата награда на Италија. Бања во Муџело ја забележа третата спринт победа од почетокот на сезоната.
На спринтот во Муџело доминираа возачите на Дукати, кои ги освоија првите пет позиции.
Бањаја победи со фабричкиот Дукати, пред пред Марко Бецеки од тимот на Валентино Роси (ВР46), трет беше Хорхе Мартин со Прамак Дукати.
Колегата на Мартин, Жоан Зарко го освои четвртот, а колегата на Бецеки, Лука Марини петтото место.
Зад оние кои возат Дукети се пласираа Џек Милер (КТМ) и Марк Маркез (Репсол Хонда).
Во текот на трката, возачот на КТМ, Бред Биндер, разви брзина од 366,1 км/ч, што е апсолутен рекорд.
Спорт
Македонските кошаркари најавуваат бојкот на репрезентацијата ако се зголеми бројот на странци во шампионатот

Здружението на македонски кошаркари се огласи со соопштение преку кое упати повик до Кошаркарската федерација и стручните лица да не дозволат да се спречува развојот на младите македонски кошаркари. Ова откако дојде одлуката за зголемување на бројот на странски кошаркари во македонскиот шампионат за следната сезона.
Македонските кошаркари дури се „закануваат“ и бојкот на националниот тим доколку одлуката остане на сила.
Соопштението на Здружението на македонски кошаркари во продолжение го објавуваме во целост.
Следствено збиднувањата поврзани со барањето на некои од кошаркарските клубови за зголемување на бројот на странски играчи, го покреваме овој апел до сите спортски работници и пред сѐ – Кошаркарската Федерација.
Изминатите години, откако беше намален бројот на странски играчи во нашата лига, бевме и сѐ уште сме сведоци на константниот напредок на нашата репрезентација. Во прилог на истата таа одлука, произлегоа неколку нови, млади и квалитетни македонски кошаркари, кои дури и прераснаа во лидери на своите екипи.
Фактот дека давањето шанса на младите играчи подложи на одредени ризици е занемарлив, меѓутоа, тоа е единствениот начин за напредок на македонската кошарка. Секој напредок, независно за што станува збор, изискува одреден ризик.
Здружението на играчи верува во стручноста на луѓето кои во моментов раководат со нашата Кошаркарска Федерација и нејзиниот Управен одбор, па очекуваме дека сериозноста на ова барање ќе биде сфатена, како и големите последици кои би ги предизвикала нивната потенцијална афирмација на истото тоа барање.
Ние, македонските кошаркари, искрено се надеваме дека нема да бидеме ставени во позиција да ја користиме македонската кошаркарска репрезентација како алатка да се заштитиме, а тоа ќе ни биде единствената преостаната опција доколку не наидеме на поддршка од оние кои ја имаат одлучувачката улога.
Уште еднаш потенцираме дека оваа одлука е една од клучните за развој на македонските играчи во иднина и е тема која е најболна за целата македонска кошарка.
Иднината на македонската кошарка останува во рацете на Федерацијата.
Со почит,
Здружение на кошаркари на Македонија
Спорт
Колку милиони луѓе ќе го гледаат финалето на Лигата на шампионите?

Европската фудбалска унија (УЕФА) процени дека, барем дел од финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Интер ќе го гледаат околу 450 милиони гледачи ширум светот. Според проценките на УЕФА, околу 150 милиони луѓе треба да го гледаат целиот натпревар во Истанбул, додека останатите ќе гледаат дел од финалето.
Во евалуацијата се вклучени гледачите кои ќе го следат преносот дома, навивачите кои ќе го следат натпреварот преку стриминг платформите и оние кои ќе го следат натпреварот во барови, ресторани и други јавни места.
Бројката од 150 милиони е помала од рекордните 184 милиони кои го гледале финалето на Лигата на шампионите во 2014 година, кога Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со 4:1 по продолженијата.
Најавениот понизок рејтинг оваа година го одразува менувањето на навиките за гледање и отсуството на Реал Мадрид, кој има голема база на навивачи ширум светот.
Минатогодишното финале помеѓу Реал и Ливерпул (1:0) во просек го гледале 166 милиони луѓе, а финалето меѓу двата исти тима во 2018 година го гледале пет милиони помалку.
Финалето помеѓу Ливерпул и Тотенхем во 2019 година во просек го гледале само 91 милион луѓе, додека најмала гледаност во последните 15 години е забележана во 2021 година, кога се сретнале два англиски клуба – Манчестер сити и Челзи (84 милиони).
Помалата гледаност е под влијание и на деловната политика на УЕФА, која дава сè помалку права за емитување на основните телевизиски канали.
Договорите за емитување со приватна телевизија ја доведоа УЕФА до приход оваа сезона од околу 3,6 милијарди евра за сите три натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа, Лига на конференции).
Клубовите кои годинава играа во Лигата на шампионите (32) ќе добијат повеќе од две милијарди евра од УЕФА, а најголема сума ќе добие Манчестер сити (најмалку 120 милиони евра).
Вечерва од 21 часот се игра финалето помеѓу Манчестер сити и Интер.