Контакт

Спорт

Лејкерси надмоќно до 1-0 во серијата против Мајами

Објавено пред

Лос Анџелес Лејкерс со убедлива победа 116:98 над Мајами хит ја отвори финалната серија во НБА-лигата. Покрај немоќта на Мајами да одговори на предизвикот, првиот меч го одбележа и повредата на Горан Драгиќ, кој најверојатно повеќе нема да игра до крајот на серијата.

Лејкерси силно влегоа во натпреварот, тие во првото полувреме ги нокаутираа ривалите, иако мечот Мајами го отворија со 23:10. Лејкерси се вратија со добрата игра во одбраната и брилијантниот шут за три поени. На полувремето екипата од Лос Анџелес замина со предност 65:48.

Мечот практично беше решен на почетокот на третиот период кога по тројките на Грин и Џејмс, Лејкерси стекнаа предност 72:51.

Мајами, покрај резултатскиот минус, се соочија и со кадровски проблеми поради повредите на Горан Драгиќ и Бен Адебајо, а Џими Батлер имаше проблеми со глуждот.

Лејкерси до победата ги предводеа Ентони Дејвис со 34 поени, 9 скока, 5 асистенции, 3 блокади и Леброн Џејмс со 25 поени, 13 скока и 9 асистенции.

На спротивната срана Џими Батлер забележа 23 поени и 5 асистенции, а Кендрик Нан мечот го заврши со 18 поени и 5 скока.

Вториот натпревар на програмата е в сабота од 1.30 часот.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тешка повреда на Никола Карабатиќ

Објавено пред

Играчот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Никола Карабатиќ, поради тешка повреда, неколку месеци ќе отсуствува од терените.

Клубот потврди дека Карабатиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото и деновиве ќе биде опериран.

Вообичаено рехабилитацијата од ваква повреда трае шест месеци, што значи дека Карабатиќ ќе го пропушти Светското првенство, кое во јануари 2021 година ќе се одржи во Египет.

Олимпискиот, светскиот и европскиот првак со Франција се повреди во победата на ПСЖ над Иври во француското првенство.

Прикажи повеќе...

Спорт

Од 2024 година „Фајнал Ејт“ во Лигата на шампионите?

Објавено пред

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека сериозно ја разгледува идејата од 2024 година во Лигата на шампионите, да се игра „Фајнал Ејт“ турнир. Почнувајќи од четврт-финалето, натпреварите би се играле во една држава. Победниците би биле решавани во еден натпревар.

Поради пандемијата на коронавирусот, оваа сезона, осум тима играа во Португалија. Ова изнудено решение наиде одличен прием кај фудбалските фанови во Европа и светот. Анализите на УЕФА покажале дека поголем интерес на навивачите кога еден натпревар го решава победникот.

До 2024 година, поради веќе потпишаните договори со ТВ оператори и спонзорите, системот на натпревари нема да се менува. По 2024 година УЕФА не ја исклучува можноста за воведување на завршен турнир.

„Гледаноста на завршните турнири во август беше огромна. Тоа е показател дека овој формат може одлично да функционира“, изјавил генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.

Во август завршницата во Лигата на шампионите се играше во Португалија, на стадионите на Бенфика и Спортнг Лисабон, додека завршницата во Лига Европа се играше во Германија, во Гелзенкирхен, Келн, Дуизбург и Дизелдорф.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пикфорд нема да оди на дисциплинска

Објавено пред

Голманот на Евертон Џордан Пикфорд нема да биде казнет поради грубиот старт врз Вирџил Ван Дајк, тврди „Скај Спорт“. Пикфорд, го повреди Ван Дајк во водените минути од градскиот дуел одигран во саботата. Против Пикфорд нема да биде покрената дисциплинска постапка.

Како што наведува „Скај Спорт“, по консултацијата со ВАР, било заклучено дека стартот на Пикфорд не е за црвен картон. Исто така, со помош на видео-асистентот, претходно било утврдено дека за Ливерпул не треба да биде досуден пенал бидејќи Ван Дајк се наоѓал во недозволена позиција.

Фудбалската асоцијација на Англија, дополнително ќе одлучува дали ќе подели казни за инцидентите што не ги констатирале судиите во текот на натпреварот.

За потсетување, по дуелот со Пикфорд, Ван Дајк, го напушти теренот, а прегледите покажале дека тој ќе мора да го оперира повреденото колено. Холанѓанецот најмалку шест месеци ќе биде на рехабилитација.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Топ2 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија2 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет3 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ3 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија3 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија5 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет6 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа7 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет7 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет8 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет8 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија8 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион9 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа20 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа21 час

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион22 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет23 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија24 часа

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Досие