Спорт
Леклер и Ферари најбрзи вториот ден во Барселона, Ред бул и Мерцедес со проблеми

Шарл Леклер го постави Ферари на првото место на вториот ден од тестирањето во Барселона во ден во кој Ред бул имаше проблеми со менувачот на Серхио Перез и загуби драгоцено време за анализа на податоците.
Изгледаше дека Мекларен ќе биде втор ден едноподруго најбрз во Барселона откако Даниел Рикардо имаше најдобро време пред Леклер да има круг од 1:19.689 за прво место пред Пјер Гасли во Алфа Таури и Рикардо на третото место.
Новиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, беше трет најбрз комплетирајќи 65 круга откако во текот на утринската сесија Луис Хамилтон имаше само 40 круга и беше последен според поставеното време.
Сепак, Мерцедес и неговите 105 круга беа подобри од главниот ривал Ред бул, кој комплетира само 78 круга откако Перез загуби два часа поради проблем со менувачот во утринската сесија.
Ferrari in front as Leclerc goes fastest on day 2 in Barcelona#F1 https://t.co/uETNC6d3x3
— Formula 1 (@F1) February 24, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Иско ја одби Рома

Досегашниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско Аларкон, ја одби понудата на Рома. Шпанскиот играч за врска е слободен агент и имаше понуда од тимот на Жозе Мурињо, но на крајот одбра да остане во својата татковина.
Приоритет на Иско е да потпише со клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, што значи дека неговите домашни опции се само Атлетико Мадрид и Севилја, под претпоставка дека неговото минато ќе го оддалечи од Барселона.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија има 30 години, но играше се помалку во последните сезони.
Спорт
Филип Антовски од Австрија Виена оди на позајмица во Истра

Kапитенот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Филип Антовски, следната сезона ќе ја мине на позајмица во хрватскиот тим Истра. Антовски заминува како позајмен играч од Австрија Виена.
21-годишниот Антовски ја почна кариерата во младионскиот тим на Вардар, потоа замина во Динамо Загреб каде исто така беше дел од Б-тимот. Играше за Славија Софија како позајмен, а потоа се врати во Австрија Виена каде ја мина целата измината сезона. Сега ќе има можност за ново докажување во Истра.
Спорт
Шкупи го почнува патот во Европа: Линколн е тим што мора да се елиминира

Македонскиот првак Шкупи вечерва (20.45 часот) го стартува настапот во квалификациите на Лигата на шампионите. Прв ривал на Шкупи е Линколн од Гибралтар, а тренерот Гоце Седлоски верува дека неговиот тим е подобар и ќе успее тоа да го докаже на претстојниот двомеч. Првиот дуел е вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Подготвени сме, максимално. Еден месец работиме и подготвени сме за предизвикот. Нема да го потцениме противникот, апсолутно имаме респект за Линколн Ред Импс затоа што тоа е шампион на една земја, но веруваме во нашиот квалитет. Ние, секако, ќе ја играме нашата игра и сакаме да оствариме победа. Шкупи на секој натпревар игра напаѓачки, тоа секако ќе се случи и утревечер. Треба да покажеме зошто сме шампиони на Македонија“, вели Гоце Седлоски.
Капитенот Кристијан Наумовски е уверен дека Линколн е ривал што Шкупи треба да го елиминира.
„На хартија, го добивме најлесниот ривал. Но, знаеме дека нема да биде лесно. Најважен е првиот нареден натпревар. Засега размислуваме само за Линколн и како да оствариме триумф. Потоа ќе размислуваме за евентуалниот двомеч со Динамо Загреб“, изјави голманот Наумовски.
Во следното квалификациско коло од ЛШ следи дуел со хрватскиот првак Динамо Загреб. Сепак, Шкупи ќе мора прво да го елиминира Линколн.