Спорт
Ленард со звукот на сирената ја елиминира Филаделфија, Денвер и Јокиќ без решение за Мекалум (Видео)
Кошаркарите на Портланд трејблејзерс и Торонто репторс ги добија мајсторките против опонентите и се пласираа во конференциските финалиња.
Портланд, во Денвер, ги победи Нагетси 100:96 и во финалето на Западот ќе игра против Голден Стејт вориорс. Торонто во инфаркт-завршница славеше над Филаделфија 92:90 и за титулата во Источната конференција ќе се бори со Милвоки бакс.
Никола Јокиќ не доби никаква поддршка од соиграчите, особено од најдобриот шутер Џамал Мареј, што Портланд со добрата игра во одбраната и брилијантниот Си-Џеј Мекалум во нападот знаеше да го искористи.
Блејзерси се вратија во мечот откако во првото полувреме Денвер водеше и со 17 поени разлика (39:22).
Јокиќ мечот го заврши со 29 поени, 13 скока, 2 асистенции и 4 блокади. Потфрли Мареј кој имаше лош шут од поле 4/18. Колку Денвер беше лош во нападот говори и податокот дека на почетокот Јокиќ постигна две тројки, а потоа во останатите три четвртини ниту еден играч на Нагетс не успеа да погоди за три поени.
На спротивната страна, Мекалум го предводеше својот тим со 37 поени (14 од нив во третата четвртина). Неговиот партнер од бековската линија, Демијан Лилард, немаше своја шутерска вечер (13 поени, 10 скока, 8 асистенции), но тој погоди две значајни тројки во последната четвртина.
Торонто репторс забележа победа над Филалделфија 92:90, а поените за победа, од тешка позиција, ги постигна Каваи Ленард во последната секунда.
Претходнот најдобриот играч на Репторс погоди едно од двете слободни фрлања, а на четири секунди до крајот на мечот израмни Џими Батлер на 90:90.
Ленард натпреварот го заврши со 41 поен, додека Серж Ибака постигна 17 поени. На другата страна Џоел Ембид забележа 21 поени и 11 скока, а Батлер реализираше 16 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.