Спорт
Левандовски доволен за Баерн да влезе во финалето на Светското клупско првенство

Со својот осми и деветти гол во календарската 2021 година, Роберт Левандовски донесе ново финале за Баерн Минхен за комплетирање на сезоната во која ја освоија тројната круна, 2:0 победа над африканскиот шампион Ал-Ахли и борба со мексиканското изненадување Тигрес во финалето на Светското клупско првенство во Катар.
Левандовски се најде на вистинското место во 17. минута по долгата акција на Баерн Минхен, добивајќи убава топка од Серж Гнабри за да донесе водство за актуелниот европски шампион. Иако до крајот на мечот, Баерн се мачеа да го удвојат водството, повторно Левандовски беше прецизен во 86. минута, овојпат на асистенција на Лирој Сане за да ги однесе во финалето.
Полјакот оваа сезона повторно има нереални бројки – 29 гола и 7 асистенции во 27 меча во 2020/21.
Таму, во четврток во 19 часот, Баварците ќе се судрат со мексиканскиот и северноамерикански шампион, Тигрес, кој претходно го изненади бразилскиот Палмеирас со 1:0 во првото полуфинале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ има „токсични“ фанови кои повеќе му штетат отколку што му помагаат?

Бен Ротенберг, еден од најпознатите тениски новинари и колумнист на „Њујорк тајмс“ по победата на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен оваа година, вели дека неговите фанови, посебно на социјалните мрежи, предизвикуваат другите тениски фанови да го „мразат“ светскиот број 1.
„Најгласните фанови на Новак Ѓоковиќ се посебно агресивни и полни со омраза, но мислам дека и самиот Новак не е свесен за тоа. Тоа што може да се види на социјалните мрежи го докажува тоа. Фановите не сфаќаат дека така го рушат имиџот на тенисерот, кој секогаш е добар и се однесува добро. Сите спортисти имаат вакви фанови, но тие на Ноле секогаш давале лош впечаток“, вели Ротенберг.
По 18-тата гренд слем титула уште еднаш стана јасно дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот во моментов, но тој често предизвикува поделби меѓу фановите – на тие кои го обожаваат и на тие кои речиси го мразат. Дел од нив, секако, се фановите на Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои ниту во лудило не би признале дека Ѓоковиќ е подобар тенисер.
Неодамна, тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ призна дека има група на онлајн фанови кои се решени да го напаѓаат Србинот без разлика на тоа што се случува. Ѓоковиќ, останува (релативно) смирен и продолжува со ловот на тениските терени – сега има 18 гренд слем титули, само две помалку од Федерер и Надал.
Спорт
Што би правеле без него? Меси со два гола сам го победи Елче

Лионел Меси го помина својот поранешен соиграч Луис Суарез на листата на стрелци во шпанската Ла Лига постигнувајќи го својот 17. и 18. гол во 2020/2021 за да ги предводи Каталонците до тешка 3:0 победа над Елче.
По првото полувреме без голови, капитенот во 48. минута со одлично проигрување на Мартин Брејтвајт ја помина целата одбрана на гостите за да постигне гол, а во 69. минута да добие убава топка од Френки де Јонг за 2:0. Ако тоа не беше доволно, тој ја инспирира и акцијата за 3:0 нафрлајќи за Жорди Алба да постигне гол во 73. минута.
Иако ова беше одложен натпревар од првото коло во Ла Лига, Барса сега е трета со 50 поени, два помалку од второпласираниот Реал Мадрид (со ист број одиграни натпревари) и пет зад лидерот Атлетико (со натпревар помалку). Елче останува претпоследн со 21 освоен поен.
Спорт
Вардар го скрши малерот, на крајот до победа над Елверум

Со одличен камбек во последните неколку минути од мечот Вардар ја забележа втората победа во ЕХФ Лигата на шампионите, овој пат со 34:32 над норвешкиот Елверум, истиот тим со кој пред неколку дена им избега победата во последните секунди од мечот. Ова е прва победа за двократниот европски шампион во ЛШ од далечниот октомври откако многу мечеви им беа одложени или откажани поради Ковид-19.
Елверум имаше предност од три гола на полувремето (20:17), но Вардар, по десетина минути, успеа да израмни по што во интересна завршница стигна до победа, со што го прати Елверум на последното место на табелата во групата А со 5 поени, еден помалку од „црвено-црните“.
Тимур Дибиров беше најдобар со 9 постигнати гола, а Гоце Георгиевски додаде шест гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ГРУПА А
Елверум – Вардар 32:35 (20:17)
Табела: 1. Кјелце 17, 2. Флензбург 15, 3. ПСЖ 12, 4. Мешков 11, 5. Пик Сегед 10, 6. Порто 8, 7. Вардар 6, 8. Елверум 5
Фото: РК Вардар
WATCH: Casual assist from Stojanche Stoilov + 🚀by Filip Taleski = 🔥@HCVardar #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/zgwj6AROyP
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
WATCH: Thorsten Fries, wondering if the ball he just saved is ever going to appear again⛔️@ElverumHandball #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/jL8XogP0N8
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
WATCH: 😮 How does Timur Dibirov do this?@HCVardar #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/JMwjU4JAWc
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер