Спорт
Левандовски: Јирген Клоп ми е како втор татко
Ѕвездата на Баерн Минхен и најдобриот фудбалер во 2020, Роберт Левандовски, вели дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го смета за татковски лик откако двајцата склопиле блиско пријателство во Борусија Дортмунд.
Полјакот во својата колумна за „Плејерс трибјун“ вели дека Клоп му помогнал да стане подобар фудбалер, но и подобра личност.
„Можам да зборувам со Јирген за што било. Можам да му верувам. Тој е семеен човек и има толку многу емпатија за работите што ти се случуваат во приватниот живот. Кога почна втората сезона со Борусија, не ми одеше најдобро, а исто така чувствував дека Јирген сака нешто од мене, но не сфаќав точно што“, почнува Левандовски.
Тој кажува еден пример кој ги сменил работите.
„По лош пораз од Марсеј во ЛШ, мислам дека загубивме 3:0, отидов кај него и му кажав: ‘Ајде Јирген. Мора да зборуваме. Кажи што очекуваш од мене’. Не се сеќавам што точно ми кажа бидејќи тогаш не знаев најдобро германски, но сосема го разбрав. Се работеше за ментална работа и имаше некаква врска со мојот татко. Тогаш не размислував за тоа, но сега сфаќам дека тој разговор со Јирген беше таков каков што сакав да имам со мојот татко, кој почина додека бев тинејџер. Еден разговор каков што ми беше потребен“, додава Полјакот.
Клоп го донесе Левандовски за 5 милиони евра во 2010 година по што имаа одлични четири сезони, во кои тој постигна 103 гола во 187 меча освојувајќи две титули од Бундеслигата и една од Германскиот куп.
„Јирген не беше само втор татко за мене, туку како тренер беше, да го наречам, лошиот учител. Тоа во најдобра смисла. Кога бевте во училиште, на кого се сеќавате најмногу? Не на тој што ти правел да поминеш лесно, туку на лошиот учител, кој беше строг со тебе. Кој ти поставуваше притисок да го извлече максимумот. Тој те направи подобар, нели? Јирген беше таков“, завршува Левандовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.