Спорт
Лидс освои бод против Сити, Алиоски играше едно полувреме
Лидс и Манчестер сити освоија по еден бод откако во четвртото коло во Премиер лигата одиграа 1:1. Македонскиот репрезентативец Алиоски го одигра првото полувреме за Лидс, во 16 минута тој имаше добра шанса но не успеа да го совлада Едерсон.
Натпреварот на „Еланд Роуд“ по лошото време донесе одлилен фудбал од двата тима. На крајот менторот Бјлеса го надмудри Гвардиола.
Сити во трата минута ја имаа првата голема шанса, Де Брујне од слободен удар го погоди дирекот. Почетниот притисок „граѓаните“ го материјализира со голот на Стерлинг.
По водечкиот гол на Сити, фудбалерите на Лидс пропуштија две добри шанси преку Далас и Ејлин. Во двете прилики се истакна голманот на Сити Едерсон.
Лидс израмни во 59 минута преку шпанскиот репрезентативец Родриго кој на стартот од вториот дел го замени Алиоски. Родриго ја искористи грешката на Едерсон и од непосредна близина ја погоди мрежата.
До крајот Сити константно се закануваше, а Лидс не искористи две големи шанси преку Родриго и Бамфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дали Премиер лигата е најсилна во светот на фудбалот?
Сезоната 2023/2024 во европските купови стана вистински кошмар за клубовите од најсилната лига во светот, англиската Премиер лига.
Во завршницата, Премиер лигата има само еден тим. Честа на англиското фудбал ја брани Астон Вила и тоа во третото според ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Англија нема претставник во Лигата на шампионите, откако Манчестер сити и Арсенал беа елиминирани во средата, во четвртфиналето, а претходно Манчестер јунајтед и Њукасл испаднаа во фазата по групи.
Во елитното натпреварување Премиер лигата доживеа вистински дебакл, бидејќи англиските тимови освоија три титули во последните пет сезони.
Синоќа, во четвртфиналето сезоната во Лига Евопа ја завршија Ливерпул и Вест Хем. Во
За прв пат по девет години ниту, Англија нема полуфиналист во двете најсилни европски натпреварувања.
Честа на англискиот фудбал остана да ја брани Астон Вила. Клубот од Бирмингем во полуфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.
Спорт
„Им посакувам сѐ најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.