Спорт
Лилард го победи Вориорс, Лејкерс падна во Бостон, Пол му се одмазди на Хјустон (видео)
Богатата НБА-програма за денот на Мартин Лутер Кинг донесе врвна партија на Демијан Лилард во победата на Портланд над Голден стејт.
Портланд, по едно продолжение, славеше над Голден стејт со 129:124. Лилард му обезбеди продолжение на Портланд со тројката што ја постигна на 15 секунди до крајот на мечот. Суперстарот на Блејзерс-натпреварот го заврши со 61 поен, тој погоди 11 тројки од 20 обиди.
Кај Голден стејт се истакна Алек Брукс со 33 поени, седум скока и осум асистенции.
Крис Пол го предводеше Оклахома Тандер до победата во Хјустон 112:107. Против својот поранешен тим Пол постигна 28 поени, 27 од нив тој реализира во првото полувреме. Учинокот на Пол најдобро го испрати Данило Галинари со 25 поени и 13 скока.
Кај Хјустон трипл-дабл од 32 поена, 11 скока и 12 асистенции, а целосно потфрли Џејмс Харден иако постигна 29 поени. Брадата погоди само една тројка од 17 обиди, а вкупниот шут му беше 9/29.
Бостон Селтикс во дуелот на најтрофејните франшизи го декласира Лос Анџелес Лејкерс со 139:107. Бекот на Бостон, Кемба Вокер, ја запиша првата победа во кариерата против Лејкерс. Тој го предводеше Селтикс со 20 поени и седум асистенции, колку што постигна и Џејлен Браун. Турчниот Енес Кантер запиша 18 поени и 11 скока, а Џејсон Тејтум со 27 поени беше најефикасен кај Селтикс.
Кај Лејкерс потфрлија двајцата најдобри играчи. Леброн Џејмс забележа 15 поени, 13 асистенции и седум скока, а Ентони Дејвис уфрли само девет поени.
Резултати:
Вашингтон-Детроит 106:100
Атланта-Торонто 117:122
Бруклин-Филаделфија 111:117
Шарлот-Орландо 82:106
Кливленд-Њујорк 86:106
Мајами-Сакраменто 118:113
Мемфис-Њу Орлеанс 116:126
Милвоки-Чикаго 111:98
Минесота-Денвер 100:107
Финикс-Сан Антонио 118:120
Јута-Индијана 118:88
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.