Спорт
Лилард лут на судиите, Јута го совлада Портланд (Видео)
Јута Џез ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 117:114 во драматичен меч во кој завршниот збор го имаа судиите. Тие го оштетија Портланд во последниот напад кога Руди Гобер го блокираше шутот на Демијан Лилард.
Драматичен меч одиграа Јута и Портланд, во кој домаќините се вратија по негативата од 17 поени, а во последната четвртина надополнија минус од седум коша.
Сепак спорен е последниот напад на Портланд. При резултат 116:114 за Јута, најдобриот играч на мечот, бекот на Портланд Лилард тргна на положување топката ја допре таблата, а потоа следувае блокада на Гобер. За судиите немаше ништо спорно, само го навлекоа бесот на Лилард.
Here's what happened when Dame went to tie the game vs. the Jazz… pic.twitter.com/bBh83h0H0Y
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 8, 2020
Подоцна Бојан Богдановиќ го постави конечниот резултат 117:114.
Богдановиќ со 27 поени ја предводеше Јута, ист број на поени кај Портланд постигна Си Џеј Мекалум, додека Лилард мечот го заврши со 42 поени.
Резултати:
Филалделфија-Мемфис 119:107
Вашингтон-Далас 1119:118
Бостон-Атланта 112:107
Индијана-Торонто 106:115
Оклахома-Детроит 108:101
Финикс-Хјустон 127:91
Сакраменто-Мајами 105:97
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.