Контакт

Спорт

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Објавено пред

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок.

Англискиот гигант го сака Гилберто Мора, 17-годишен мексикански репрезентативец кој моментално го носи дресот на Клуб Тихуана, а најновите информации велат дека мексиканскиот клуб добил понуда што би можела да влезе во историјата.

Како што објави мексиканскиот новинар Дејвид Фаителсон, Ливерпул наводно понудил повеќе од 50 милиони долари за младиот играч од средниот ред.

Информацијата беше објавена откако Фаителсон откри во емисијата „TUDN“, дека Тихуана добила понуда од англискиот клуб преку менаџерката на Мора, Рафаела Пимента. Според неговите тврдења, станува збор за Ливерпул, а бројката треба да биде повеќе од 50 милиони долари.

Доколку договорот се реализира за оваа сума, Мора би станал најскапиот трансфер во мексиканската лига. Претходниот рекорд го држи Едсон Алварез, кој се пресели од Клуб Америка во Ајакс во 2019 година за околу 15 милиони евра.

Интересно, што додава тежина на целата приказна, интересот на Ливерпул за Мора не е нов. Англискиот клуб претходно веќе воспостави директен контакт со претставниците на младиот Мексиканец, а Ливерпул во својата рубрика „Media Watch“ објави информации за сериозен интерес за 17-годишникот.

Foto/ EPA

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава6 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт7 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт7 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет7 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...