Спорт
Ливерпул пред историско остварување
Вечерва на „Енфилд“ Ливерпул и Вест Хем ќе ја затворат 27 рунда во Премиер лигата на Англија. Ливерпул игра неверојатно оваа сезона во 26 рунди од можните 78 има освоено 76 поени. „Црвените“ вечерав ќе имаат можност да влезат во историјата на Премиер лигата.
Екипата на Јирген Клоп се наоѓа во серија од 17 победи, доколку вечерва победат тогаш ќе го израмнат рекордот на Манчестер сити од сезоната 2017/2018, според бројот на последовни победи во Премиер лигата.
Сити својата серија ја направиле во периодот од 26 август до 27 декември 2017 година, додека серијата на Ливерпул која се уште трае е започната на 27 октомври минатата година.
Исто така Ливерпул можат да го урнат сопствениот рекорд на непобедливост. Ливерпул имаат 20 победи во низа на „Енфилд“, таа низа трае од 9 февруари минатата година. Овој рекорд Ливерпул го дели со Манчестер сити. „Граѓаните“ забележале 20 победи во низа како домаќини во периодот од5 март 2011 до 21 март 2012 година.
Вест Хем во последните 23 години само еднаш победиле на „Енфилд“, во 2015 година (0:3). Последните две средби завршиле со победи на Ливерпул 4:0 и 4:1.
„Чеканите“ се во лоша серија, немаат победа во Премиер лигата на последните шест натпревари.
Натпреварот на „Енфил“ вечерва ќе започне во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.