Контакт

Спорт

Ливерпул прими два гола потоа го „згази“ противникот

Објавено пред

Фудбалерите на Ливерпул со 7:2 го поразија Блекпул иако по 33 минути беа во минус од два гола.

Потценувачки англискиот шампион влезе во мечот, поради што Блекпул успеа со головите на Хамилтон и Јетс да постигне два гола. Ливерпул потоа го подигна нивото на играта постигна седум гола, шест од нив во второто полувреме.

Матип намали на 1:2, а во второто полувреме мрежата на Блекпул ја тресеа Мане, Фирмино, Минамино, Ориги и Ван ден Берг.

Ливерпул новата сезона во Премиер лигата ќе ја започне на 12 септември против Лидс Јунајтед.





©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сержињо Дест пет години во Барселона

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Барселона го потврди трансферот на Сержињо Дест од Ајакс. Каталонците за десниот бек платија 21.000.000 евра. Парите ги обезбедија од продажбата на Нелсон Семедо во Вулверхемптон.

Дест има 19 години, игра за репрезентацијата на САД, а стручњаците г споредуваат со Дани Алвеш. Со Барселона потпишал пет годишен договор. Откупната клаузула во договорот изнесува 400.000.000 евра.

Овој трансфер претставува победа за спортскиот сектор на Барселона бидејќи сериозно заинтересирани за Дест беа и Баерн Минхен.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Визер – Скопскиот маратон“ ќе се трча в недела со посебни протоколи против Ковид-19

Објавено пред

„Визер – Скопски маратон“ ќе се одржи на 4 октомври, недела, по истата патека, но со нов старт и нова цел, за да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. Ова денеска на прес-конференција го најави Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон, соопштувајќи дека оваа година, со цел заштита на здравјето на сите, донесен е посебен протокол за одржување на најпознатиот и најстар спортски настан.

„Оваа година ќе имаме 1.500 учесници во три трки: маратон, полумаратон и штафетен маратон „’ЕУ за тебе“’. И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата, влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка. Поради целата ситуација предизвикана од Ковид-19, ги променивме стартот и целта, кои ќе бидат пред влезот на СЦ ‘Борис Трајковски’, а патеката е иста. Тоа е така затоа што тој простор ни дозволува да ги почитуваме сите протоколи донесени специјално за маратонот“, изјави Синадиновски.

Прес-конференцијата се одржа на терасата на хотелот „Парк“, каде што свое обраќање имаа и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, и Александар Кираџиев, национален првак во маратон во нашата земја неколку години по ред.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека со големо задоволство Град Скопје е повторно традиционален домаќин и покровител на „Визер – Скопски маратон“.

„Не можам, а да не го кријам, своето задоволство што и годинава ќе биде одржан ‘Визер – Скопски маратон’ и што ја продолжуваме традицијата. Град Скопје е традиционален домаќин и мило ми е што во организацијата на маратонот се вклучени и професионалци и волонтери, кои ќе се грижат сѐ да е во најдобар ред. Град Скопје обезбедува и логистичка, но и финансиска поддршка, заедно со јавните претпријатија. Им посакувам на сите добра трка, успешен маратон и добро здравје на сите“, им посака градоначалникот Шилегов на тркачите и организаторите.

Свое обраќање имаше и Александар Кираџиев, кој истакна дека е особено благодарен што во една ваква пандемиска година се смогнаа сили и напори за да се одржи трката и им посака успешна реализација в недела на организаторите на овој успешен проект.

Дополнителни информации за „Визер – Скопски маратон“ можете да најдете на http://skopskimaraton.com.mk/ .

Прикажи повеќе...

Спорт

Хулк се враќа во Европа

Објавено пред

Поранешниот бразилски репрезентативец Хулк објави дека по четири и пол години, ќе го напушти Шангај СИПГ. Бразилецот ќе се врати во Европа, каде што во минатото играше добро за Порто и Зенит.

Хулк има договор со Шангај СИПГ до декември оваа година и нема намера да потпишува нов. Кинезите пред четири и пол години за Хулк на Зенит му платија 55.000.000 евра.

„Веќе им кажав на клупските челници дека нема да го продолжам договорот. Имам интересни понуди од Европа, некои од нив се од славни клубови, кои играат во Лигата на шампионите. Добив одлични понуди од Бразил и Кина, но јас сакма да играм во Лигата на шампионите“, изјавил Хулк.

Интересно, Хулк во последните три клуба (Порто, Зенит, Шангај) минал по четири и пол години и имал слична статистика. За Порто постигнал 77 гола и забележал 61 асистенција, за Зенит постигнал 76 гола и забележал 60 асистенции, а во Шангај СИПГ учинокот му е 74 гола и 54 асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Четворица починати и 162 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Свет44 минути

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел Макрон...

Македонија2 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ3 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион4 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ5 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија7 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија7 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија20 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет1 ден

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Досие