Контакт

Спорт

Ливерпул во јануари ќе ја ангажира замената за Салах

Објавено пред

Ливерпул, во зимскиот преоден рок, ќе донесе замена за Мохамед Салах. Јасно е дека иднината на Салах во клубот е неизвесна, осбено по изјавата дека „клубот го фрлил под автобус“.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул би можел да се ангажира за крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо. Според овие извори, клубот ќе ја активира неговата откупна клаузула од 65 милиони фунти (околу 74 милиони евра).

Семењо е главна цел на Ливерпул, но и на неколку други клубови од Премиер лигата. За него се тврди дека ќе биде главна ѕвезда во зимскиот преоден рок. Според медиумите за неговиот потпис Ливерпул ќе се бори со Манчестер Сити и Тотенхем.

Се шпекулира дека клаузулата за откуп на Семењо е активна само во текот на првите две недели од јануарскиот преоден рок, што значи дека договорот, доколку се случи, би требало да биде завршен многу брзо. Дебатата за иднината на Салах веројатно ќе трае до крајот на месецот, со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации завршува на 18 јануари.

Семењо има шест гола и три асистенции во 14 натпревари во Англиското првенство оваа сезона.

Foto/ depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сензација во Орегон: Соборен светскиот рекорд на 110 метри со пречки

Објавено пред

Американскиот атлетичар Џејкоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки на натпревар во Јуџин, сојузната држава Орегон.

Дваесетгодишниот Тарп истрча време од 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, подобрувајќи го за пет стотинки досегашниот светски рекорд од 12,80 секунди, кој од 2012 година го држеше Ариес Мерит.

„Знаев дека сум подготвен за добар резултат, но не очекував да се случи токму тука. Кога го видов времето, останав без зборови“, изјави Тарп.

Младиот Американец минатата година беше шести на Светското првенство во Токио, а пошироката јавност го запозна кога истрча 7,32 секунди на 60 метри со пречки – трет најдобар резултат во историјата на оваа дисциплина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски: По 30 години нов живот за Расадник, Вардар се враќа во својата сала

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека спортската сала „Расадник“ по три децении повторно е ставена во функција и ќе биде дом на Вардар.

Ѓорѓиевски ја опиша обновата на салата како еден од своите најзначајни проекти, потсетувајќи дека објектот бил затекнат во лоша состојба.

„Расадник е име кое многу значи за Кисела Вода, за Скопје, за Вардар и за македонскиот спорт. Оваа сала памети славни спортски моменти, големи натпревари и генерации спортисти“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека салата била руинирана, демолирана и оставена без перспектива, но дека со вложувања и поддршка од институциите успеала повторно да заживее.

Обновениот објект располага со реконструиран терен, уредени трибини, нови соблекувални, простории за стручните тимови, теретана, придружни спортски содржини и сопствен систем за греење и ладење.

Ѓорѓиевски се заблагодари за поддршката од премиерот Христијан Мицкоски, Владата и министерот за спорт Борко Ристовски, нагласувајќи дека Расадник повторно ќе биде дом на Вардар и место каде што ќе се создаваат нови спортски успеси.

„Ова е важно за Вардар, но и за децата од Кисела Вода, младите спортисти, спортските клубови и сите идни генерации кои ќе растат со спортот“, порача Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Фотогалерија) Кисела Вода доби модерна спортска сала со капацитет од 1.000 гледачи

Објавено пред

Кисела Вода доби нова модерна спортска сала со капацитет од околу 1.000 гледачи. На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во државата.

„Условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект од овој карактер на ниво на цела држава“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека салата ќе биде место каде што младите ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат и ќе се развиваат, изразувајќи надеж дека токму од вакви услови ќе произлезат идни европски и светски спортски ѕвезди.

Според премиерот, проектот е резултат на соработката меѓу Владата, локалната самоуправа и Министерството за спорт, а ваквата поддршка за спортската инфраструктура ќе продолжи и во иднина.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава9 минути

(Видео) Најмоќниот агент од НБА е „до уши“ заљубен во Адел: Конечно проговори за нивната врска

Во гостувањето во подкастот „Glass Half Full“, чиј водител беше новинарот Крег Мелвин, Рич Пол се осврна на многу теми,...

Македонија19 минути

За туѓа нега, пациентите нема да мораат на прегледи на 6 месеци или година, Алиу ќе разговара со сите комисии

За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или...

Европа28 минути

Британскиот министер за одбрана поднесе оставка

Британскиот министер за одбрана Џон Хили неочекувано поднесе оставка, велејќи дека владата не е подготвена да троши доволно за војската...

Македонија30 минути

(Видео) Дамевски: Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија

„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било...

Македонија33 минути

Реакција на Центар за граѓански комуникации на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Центар за граѓански комуникации реагира на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Го цениме фактот што Министерството...

Свет42 минути

(Видео) САД објавија снимка: „Нападнавме трет брод во Оманскиот Залив“

Американските сили потврдија дека оваа недела нападнале и онеспособиле трет комерцијален брод во Оманскиот Залив, тврдејќи дека тој ја прекршил...

Забава53 минути

(Видео) Шминкерка на славните ѕвезди открива трик како шминката да ви трае цел ден

Мери Филипс, шминкерка на многу познати личности, вклучувајќи ги Хејли Бибер, Кендал Џенер, Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Скарлет Јохансон,...

Македонија59 минути

Министерот не се цени по тоа колку време бил на функција туку колку позитивни процеси имал, вели Алиу за негова можна смена

Министерот за здравство Азир Алиу не го менува мислењето за негова можна смена од функцијата по најавата на премиерот Христијан...

Црна хроника1 час

Уапсен маж од Гостиварско: ја демнел неговата сопруга и упатувал закани преку телефонски пораки

Вчера во 16:35 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(49) од гостиварско село. Тој бил...