Спорт
Љоренте: Топката ми ја допре дланката, ама голот е регуларен (Видео)
Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Љоренте, рекол дека судиите ја донеле вистинската одлука кога го признале неговиот гол на мечот со Манчестер сити. Овој гол на Шпанецот на Тотенхем му обезбеди пласман во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Тотенхем победи во првиот меч со 1:0, реваншот им припадна на Сити со 4:3. Третиот гол што го постигна Љоренте во 73 минута им донесе голема радост на Спарс.
„Почувствував дека топката малку ми ја допре дланката, но дланката беше блиску до топката, која јас не ја видов. Не се обидов да ја удрам топката со рака и мислам дека мораше да биде гол, но во такви моменти не знаете што може да се случи“, рекол играчот на Тотенхем и дополнил.
Super sub Llorente gives us back the advantage! We’re still in this game! #COYS #THFC #MCITOT pic.twitter.com/2VdBEE1Tke
— COYS.com (@COYS_com) April 17, 2019
„Неверојатна ноќ, еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Имам светска и европска титула, има титула во Лигата Европа, имам национални трофеи, но ова е историски момент, прво полу-финале со вакви соиграчи…Верувам во нив“.
За пласман во финалето Тотенхем ќе игра против Ајакс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.
Спорт
„Им посакувам сѐ најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.
Спорт
Нема повеќе повторување на натпревари во ФА Купот
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), објави дека од следната сезона, во ФА купот нема да се преигруваат натпреварите кои ќе завршат без победник. Правилото, старо колку и самото натпреварување, од следната сезона ќе важи само во квалификациите. за повторување ќе важи само во квалификациите.
Укинувањето на повторувањата е само еден од неколкуте чекори договорени од ФА и Премиер лигата во следните шест години.
Во иднина сите натпревари од ФА Купот ќе се играат за викенди, со исклучок на четвртото коло, во кое натпреварите ќе се играат од петок до среда. Во четвртото и петтото коло од ФА Купот нема да се играат натпревари од Премиер лигата.
Финалето на ФА Купот ќе се одигра во претпоследниот викенд од сезоната во Премиер лигата. Тој ден нема да се играат натпревари од Премиер лигата. Во петок, на ден пред финалето на ФА Купот, нема да има натпревари од Премиер лигата.
Промените во ФА Купот ќе донесат поинаков вид посветеност на Премиер лигата. Прво, Премиер лигата ќе обезбеди дополнителни 33 милиони фунти за фудбалот, покрај 100-те милиони фунти што досега ги плаќаше на крајот од секоја сезона.
Покрај тоа, Премиер лигата ги задржува сите претходни обврски – на секои три години Премиер лигата исплаќа 1,6 милијарди фунти за сите нивоа во машка и женска конкуренција за да помогне во развојот на фудбалот.
Одлучено е и Комјунити Шилд натпреварот за сезоната 2024/25 да се одигра во сабота на 10 август. Една недела подоцна ќе започне сезоната во Премиер лигата.