Спорт
Љорис: Ова е голем срам

Капитенот на Тотенхем, Иго Љорис, е лут и разочаран по елиминацијата од Лига Европа. Тотенхем синоќа во Загреб доживеа шокантен пораз од Динамо (3:0). „Мордирте“ со вкупен резултат 3.2 се пласираа во четврт-финалето.
„Разочарани сме. Голем срам е ова. Се надевам дека сите во соблекувалната се чувствуваат виновни за оваа ситуација, срамота е ова. Што да кажам повеќе. Сите сме одговорни, ова е болно“, рекол голманот на Тотенхем.
„Очигледно е дека не сме амбициозни, тимот е огледало на сѐ она што се случува во клубот. Требаше да бидеме ментално посилни. Не го почувствував тоа на теренот, а кога не сте подготвени, на ова ниво тоа веднаш се плаќа“, дополнил Љорис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алиоски асистент – Лидс со играч помалку победија на „Етихад“

Лидс јунајтед успеа да го поебди лидерот Манчестер сити, на „Етихад“ со 2:1. Македонскиот репрезентативец Алиоски, го одигра целиот натпревар, доби жолт картон во 66.минута, а во 91.минута му асистираше на Далас, кој го постигна голот за победа.
Лидс јунајтед храбро му се спротивставија на фаворизираниот противник. Први постигнаа гол преку Далас во 42.минута, а потоа успеаја да се одбранат од нападите на Сити со играч помалку. Капитенот Купер, поради невнимателн старт доби црвен картон во 45.минута.
Сити, константно притискаа во вториот дел, надмоќта ја материјализираа во 75.минута, кога Феран Торес успеа да израмни на 1:1.
Лидс во вториот дел чекаше можност да нападне од контра и го дочека тој момент во 91.минута. Алиоски со додавање од 30 метри, го спои со голот Далас, кој топката низ нозете на Едерсон ја испрати топката во мрежата.
Сити и покрај поразот, трет за нив на домашен терен обаа сезона, има голема предност на врвот. Лидс се деветти со 45 поени.
Спорт
Јаховиќ со хет-трик им донесе победа на Гезтепе

Поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ, го предводеше Гезтепе до гостинска победа (3:2) во Хатај, над екипата на Хатајспор.
Јаховиќ, ги постигна сите голови за Гестепе. Најпрвин му овозможи предност на својот тим од 2:0, по првиот дел, а откако Диуф го намали резултатот во 64.минута, Јаховиќ во 78.минута го комплетираше хет-трикот, со што стави точка на победата на Гестепе. Диуф во 90.минута ги постави конечните 2:3.
Гезтепе, по 33 .кола во турската Суперлига, со 46 поени се наоѓа на деветтото место.

Спорт
Мурињо: Сигурен сум дека Фергусон не го дели мислењето на Солскјер

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, во најавата на дербито со Манчестер јунајтед, порачал дека не го подржува мислењето на Оле Гунар Солскјер, дека трофеите не се показател за успехот.
Манчестер јунајтед последниот трофеј го освоиле кога менеаџер беше Мурињо, во 2017 година „црвените ѓаволи“, славеа во Лига Европа.
Солскјер рекол дека напредокот што го покажува неговиот тим оваа сезона, не може да се оценува преку трофеите. Смета дека опседнатоста со трофеите, на одредени тренери, е работа на „големото его“.
„Тоа е негово мислење. Сигурен сум дека неговиот голем шеф сер Алекс Фергусон поинаку размислува на оваа тема. Убеден сум дека Фергусон, како најдобар менаџер во историјата на Премиер лигата, има поинакво мислење во врска со трофеите. Секако дека го почитувам ставот на Солскјер, моето мислење е поинакво…“, рекол Мурињо.
Тотенхем ќе го пречека Манчестер јунајтед, утре од 17.30 часот. Во првиот дел од сезоната, екипата на Мурињо го победи Јунајтед со 6:1.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш