Спорт
ЛН: Лудо реми меѓу Германија и Швајцарија, Украина ја шокираше Шпанија!
Германија и Швајцарија одиграа лудо 3:3 реми во Келн, додека Украина со 1:0 ја совлада Шпанија за ситуацијата во групата 4 од Лигата А во Лигата на нации на УЕФА да се искомпликува.
„Маншафт“ на Јоаким Лев немаа најдобар старт на мечот, откако прво Марио Гаврановиќ им даде гол по само шест минути игра, а Ремо Фројлер постигна прекрасен гол во 26. минута за 0:2. Германците веднаш одговорија преку Тимо Вернер во 28. минута, но на полувреме се отиде со предност на гостите.
Ѕвездата на Челси, Каи Хаверц во 55. минута израмни, но Гаврановиќ само три минути подоцна пак донесе водство за Швајцарците. Серж Гнабри во 60-тата минута повторно израмни и ова беше конечен резултат.
Бидејќи Украина со голот на замената Виктор Циганков во 76. минута стигна до 1:0 победа над Шпанија, сега борбата за првото место ќе биде интересна – Шпанците се први со 7 поени, Германците и Украинците имаат по 6, а Швајцарците само 2.
ЛИГА НА НАЦИИ, 4.КОЛО
ЛИГА А, ГРУПА 4
Германија – Швајцарија 3:3
Украина – Шпанија 1:0
Табела: 1.Шпанија 7, 2.Германија 6, 3.Украина 6, 4.Швајцарија 2
ЛИГА Ц, ГРУПА 1
Азербејџан – Кипар 0:0
Црна Гора – Луксембург 1:2
Табела: 1.Луксембург 9, 2.Црна Гора 9, 3.Азербејџан 4, 4.Кипар 1
ЛИГА Д, ГРУПА 1
Летонија – Малта 0:1
Фарски Острови – Андора 2:0
Табела: 1.Фарски Острови 10, 2.Малта 5, 3.Летонија 3, 4.Андора 2
ЛИГА Д, ГРУПА 2
Лихтенштајн – Сан Марино 0:0
Табела: 1.Гибралтар 6, 2.Лихтенштајн 4, 3.Сан Марино 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лунин го однесе Реал во полуфиналето – Европа ќе добие нов шампион
Реал Мадрид го елиминира европскиот првак Манчестер сити во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, во Манчестер, го доби пенал рулетот со 4:3, откако во основниот дел и во дополнителните 30 минути натпреварот заврши 1:1. Херој на победата е голманот Луни кој во пенал серијата ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Ковачиќ.
Четвртфиналниот реванш на „Етихад“ се движеше во еден смер. Сити напаѓаше во текот на целиот натпревар, Реал во најголемиот дел се бранеше во низок блок, на 20-25 метри од голот.
Намерата на Анчелоти беше јасна да се одбрани својот гол, а према напред да се бара шанса преку контранапади. И таквата определба му донесе гол од првата шанса. Во 12.минута Родриго од втора го совлада Едерсон.
Сити и покрај тоа што напаѓаше не успеа да створи многу чисти шанси. Во првиот дел најдобрата ја пропушти Халанд кога ја погоди гредата.
Притосокот на Сити вроди со плод во 76.минута, кога по ударот на Доку, Ридигер лошо реагираше, а одбиената топка во голот ја смести Де Брујне.
Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Баерн преку Арсенал до полуфиналето во ЛШ
Баерн Минхен ќе игра во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во реваншот го победи Арсенал со 1:0. Првиот натпревар на „Емирати“, во Лондон, заврши 2:2.
Важноста на натпреварот, иницираше тактичка брба од двете страни. Арсенал беа малку поофанзивни во привот дел, Баерн шансите ги бараше преку контранападите. Со исклучок на ударот на Мартинели во првото полувреме немаше ниту една шанса
Баерн беше тој кој прв се закани во вториот дел. Во еден напад два пати се тресеше рамката на голот на Арсенал. Најпрвин Горецка ја погоди гредата,а поттоа Гереиро биеше во стативата.
Арсенал имаа среќа во оваа ситуација, но среќата ги напушти во 64.минута кога центрашутот на Гереиро, Кимих од 11 метри со глава го совлада Раја.
До крајот Тухел со измените што ги направи добро ги затвори приодите кон голот на Ноер и Баерн успеа да ја одбрани победата.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.