Контакт

Спорт

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Објавено пред

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино.

Локатели е член на Јувентус од 2021 година и во тој период одигра 224 натпревари во сите натпреварувања и запиша девет гола и 17 асистенции.

„Сите се сеќаваме кога Мануел, по неговото пристигнување во 2021 година, со голема емоција рече дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Продолжувањето на соработката претставува природно продолжение на растот на неговото лидерство на теренот, неговиот непоколеблив црно-бел дух, во целосна заедница со вредностите и амбициите на нашиот клуб“, рече извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.

Во текот на својата кариера, италијанскиот фудбалер играше и за Милан и Сасуоло.

Јувентус е на четвртото место на табелата во Серија А со 60 бода, а во недела ќе ја пречека Болоња во 33-то коло.

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Објавено пред

Драмата околу враќањето на кошаркарскиот клуб од Дубаи во татковината продолжува. Клубот од Обединетите Арапски Емирати се заканува дека ќе ја напушти АБА лигата.

Дубаи се пресели да игра во Сараево поради војната на Блискиот исток, но по испаѓањето од Евролигата одлучи да се врати во Обединетите Арапски Емирати.

„Во договор со лигата, испративме писмо до Клуж и Будуќност за да разјасниме дали имаат административни пречки да патуваат во Дубаи, бидејќи тие не одговорија до вторник напладне, објавивме дека се враќаме дома. Будуќност подоцна зазеде став дека не се согласува со тоа, односно дека не сака да игра натпревари во Дубаи затоа што некои играчи не сакаат да дојдат“, тврди неименуван извир на „Спортал“.

Тимот се врати во ОАЕ, а во меѓувреме, АБА лигата одлучи Дубаи да продолжи да игра на неутрален терен.

Наводно, клубот верува дека челниците на АБА лигата направиле грешка затоа што наместо писмо, требало да организираат состанок со клубовите, каде што ќе разговарале за враќањето на Дубаи во татковината.

Соговорникот на споменатиот извор тврди дека Дубаи очекува промена на одлуката, и дека доколку тоа не се случи, сигурно ќе ја тужат лигата, што би довело до потенцијална разделба.

Foto/ ABA league

Прикажи повеќе...

Спорт

Нојер ќе брани за Германија на СП

Објавено пред

Легендарниот германски голман Мануел Нојер (40) е на проширениот список на Јулијан Нагелсман за претстојното Светско првенство, а според германските медиуми, договорено е неговото враќање во репрезентацијата по пензионирањето во 2024 година.

Наводно, селекторот и голманот на Баерн се сретнале и се согласиле Нојер да се врати во репрезентацијата.

Сепак, ова наводно не му гарантира место меѓу 26-те патници на Светското првенство, а конечниот список треба да биде објавен на 21 мај.

Нојер се збогува со репрезентацијата во 2024 година откако беше елиминиран од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.

Тешко е да се очекува дека Нојер ќе оди на СП за да биде втор или трет голман и ако е на списокот, јасно е дека ќе биде „единицата“ на Германија.

Во тој случај, цехот би го платил голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, кој беше виден како стартер за „Панцерите“ на Светското првенство.

Германците ќе бидат дел од групата Е на Светското првенство, а нивни ривали ќе бидат Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и Курасао.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Бекам е првиот британски спортист милијардер

Објавено пред

Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој станал милијардер, според листата на најбогати Британци за 2026 година објавена од „Сандеј Тајмс“.

Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти. Со тоа, тие го зазедоа второто место меѓу спортските личности, зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, чие богатство се проценува на две милијарди фунти.

Бекам, поранешниот капитен на Англија, е ко-сопственик на американскиот клуб Интер Мајами, кој се проценува дека е највредната франшиза на МЛС лигата со вредност од 1,45 милијарди долари.

Педесет и едногодишниот Бекам, кој беше прогласен за витез минатиот ноември, работи и како амбасадор за брендови како што се Адидас и Хуго Бос.

Голем дел од богатството на Викторија Бекам доаѓа од нејзиниот моден бренд, откако таа се здоби со глобална слава како членка на Спајс Грлс.

На листата на најбогати спортски личности во Велика Британија се наоѓа и голферот Рори Мекилрој со проценети 325 милиони фунти по освојувањето на втората последователна Мастерс титула.

Промоторите Бери Ерн и Еди Ерн исто така влегоа во британскиот „клуб на милијардери“, со вкупно богатство од 1,035 милијарди фунти. Нивната компанија „Мехрум Спорт“ е еден од лидерите во светот на боксот, пикадото и снукерот.

Меѓу најбогатите спортисти се и Ентони Џошуа со 240 милиони фунти и неговиот ривал Тајсон Фјури со 162 милиони.

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е на петтото место со 435 милиони фунти, додека капитенот на Англија, Хари Кејн, и двократниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј, се на десеттото место со по 110 милиони фунти.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Ѓорѓиевски во СОС Детско село: Ќе обезбедиме субвенции за секое згрижувачко семејство

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари...

Македонија32 минути

Концертот на Дејвид Гета распоредаден за помалку од 12 часа

Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на Градски стадион во Скопје на 8 септември по повод 35 години...

Црна хроника36 минути

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при...

Црна хроника38 минути

Измамена жена во Градско: Ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и земале 240.000 денари

Измамена жена во Градско, ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и дека за операција се потребни 240.000 денари....

Македонија1 час

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година...

Свет1 час

Мерц: Не би им препорачал на моите деца да одат во Америка за образование или работа

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денес ги повика младите луѓе внимателно да размислат пред да одлучат да студираат или работат во...

Македонија1 час

СДСМ: Мицкоски нема да ги заврши реформите затоа што не сака да ги заврши

Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање, реагираат од СДСМ, на изјавата...

Македонија2 часа

ЗНАМ се распаѓа, велат од СДСМ

Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ предложи 10 итни мерки за побезбедни училишта

Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е...