Спорт
ЛШ: Алборг се намачи со Мешков, Кил ја продолжи „лузерската“ серија на Загреб

Aлборг по настапот на Суперглоуб и првиот пораз во ЛШ од Вардар во претходното коло, се врати на победите, откако се намачи со Мешков Брест но стигна до 34:33 победа во третото коло во групата А, каде што Кил стигна до лесна 36:27 победа против ППД Загреб, продолжувајќи ја „лузерската“ серија на хрватскиот клуб.
Белорускиот шампион Мешков се покажа како тежок ривал на данскиот фаворит Алборг, водејќи во делови од првото полувреме, пред на пауза да се отиде со 18:18. Гостите пак поведоа со 23:24 во 37. минута од мечот, пред Алборг да направи серија од 4:0 за да го најави пресвртот.
Во Германија пак, Загреб само во првото полувреме беше посериозен предизвикувач на Кил, пред да им се случи „колапс“ во второто полувреме за нов пораз на тимот на Ивица Обрван.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО, ГРУПА А
Алборг – Мешков Брест 34:33 (18:18)
Кил – ППД Загреб 36:27 (18:15)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обвинение против Манчестер сити, можно е одземање на бодови

Манчестер сити, актуелниот англиски шампион, во минатото, работел спротвни на правилата. Како што објави Премиер лигата на својата веб-страница, Манчестер сити ги прекршил финансиските прописи, покажала истрагата на независната финансиска комисија.
Клубот се товари за финансиски прекршоци од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18.
Обвиненијата се однесуваат на финансиски информации во врска со приходите, детали за платите на менаџерите и играчите, прекршувањето на прописите на УЕФА и соработката со истрагите на Премиер лигата.
Доколку се утврди дека обвинувањата се точни, Сити ќе се соочи со голем број финансиски казни. Исто така, на актуелните шампиони оваа сезона би можеле да им бидат одземени неколку бодови, што автоматски би ги исфрлило од трката за титулата.
Манчестер сити веќе имаше забрана во 2020 година кога не можеше да донесе играчи две години, но арбитражната комисија ја поништи оваа одлука. Тогаш проблематично беше финансиското работење во периодот 2012-2016 година.
BREAKING: Man City charged by Premier Leaue with numerous breaches of financial rules following a four-year investigation.
This is unprecedented: pic.twitter.com/ZGzdX210qP— Martyn Ziegler (@martynziegler) February 6, 2023
Спорт
Челси размислува за Луис Енрике

Поранешниот селектор на Шпанија Луис Енрике би можел да го преземе Челзи, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“. Лондонскиот клуб размислува да ангажира искусен тренер доколку актуелниот, Греам Потер не постигне добри резултати.
Енрике беше тренер на Барселона од 2014 до 2017 година, а под негово водство Каталонците станаа шампиони на Шпанија, три пати го освоија Купот на кралот и ја освоија Лигата на шампионите во сезоната 2014/15, како и Суперкупот на Европа.
Последната работа на Енрике беше во репрезентацијата на Шпанија. На Светското првенство во 2022 година, неговиот тим загуби од Мароко (0:0, пенали – 0:3) во осминафиналето. По неуспешниот настап, Луис Енрике поднесе оставка.
Медиумите на Островот во последните недели пишуваат дека е можно дури и Жозе Мурињо да се врати на „Стемфорд Бриџ“ ова лето.
Спорт
Азар се повреди по 18. пат откако е во Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека Еден Азар е повреден. За поранешниот играч на Челзи, ова е 18. повреда во Реал, во 2019 година.
За повредата на Азар, Реал се огласи со кратко соопштение, пред натпреварот со Мајорка кој го загуби со резултат 1:0.
„По денешните тестови во медицинскиот центар на Реал, на Еден Азар му беше дијагностицирана пателарна тендинопатија на левото колено и ќе биде под натамошна опсервација“.
Азар беше еден од најдобрите играчи на Челзи, на 352 меча за „сините“ постигна 110 гола со 92 асистенции.
Кариерата му тргна по надолна линија откако се пресели во Шпанија.
На 73 натпревари во овие четири години тој постигна седум гола со 11 асистенции.
Неговиот медицински картон изобилува со повреди од различни типови, а оваа сезона на седум натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол.
Неговиот договор истекува во 2024 година и се верува дека би можел да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал Наср.