Спорт
ЛШ: Атлетико се последниот патник во осминафиналето, ждрепката во понеделник (видео)
Атлетико Мадрид се последниот 16-ти клуб кој се пласираше во нокаут фазата на Лигата на шампионите, откако во последното коло со 2:0 го совладаа тимот на Локомотив Москва, гарантирајќи второ место пред Баер Леверкузен (кој загуби дома од Јувентус со 0:2 со головите на Роналдо и Игуаин).
Иако мечот започна со промашен пенал уште во втората минута на Киеран Трипиер, „јорганџиите“ бргу воспоставија контрола на мечот, откако Жоао Феликс стрелаше во 17. минута, повторно со удар од белата точка. Фелипе во 54. минута ја потврди победата за тимот на Диего Симеоне.
Во другите мечеви од последното коло, немаше неизвесност околу тоа кој е во осминафиналето, иако имаше дуели за третото место на табелата, кое води во Лига Европа.
Олимпијакос со гол од пенал во 87. минута ја совлада Црвена звезда со 1:0, што беше доволно да ја прескокне на третото место на табелата во групата Б и да се пласира во Лига Европа на пролет. Баерн Минхен пак, ги заврши натпреварувањата со нова победа над Тотенхем, овојпат од 3:1, комплетирајќи го натпреварувањето со шест победи во шест меча.
Пари Сен-Жермен го „декласираше“ турскиот шампион Галатасарај со 5:0, а Реал Мадрид победи кај Бриж со 2:1, за белгискиот клуб да добие шанса во Лига Европа напролет.
16-ТЕ ПЛАСИРАНИ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛШ
Првопласирани: Пари Сен-Жермен (Фра), Баерн Минхен (Гер), Јувентус (Ита), Манчестер сити (Анг), Ливерпул (Анг), РБ Лајпциг (Гер), Валенсија (Шпа)
Второпласирани: Тотенхем (Анг), Атлетико Мадрид (Шпа), Аталанта (Ита), Реал Мадрид (Шпа), Наполи (Ита), Лион (Фра), Челси (Анг)
– Ждрепката ќе се оддржи во понеделник, 16 декември во Нион, Швајцарија во 12.00 часот. Клубовите не можат да се паднат со тие со кои биле во групите, а не е дозволен и дуел на два клуба од иста држава.
– Првите мечеви се играат на 18/19/25/26 февруари, реваншите на 10/11/17/18 март.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА А
Клуб Бриж – Реал Мадрид 1:3
Пари Сен-Жермен – Галатасарај 5:0
Табела: 1.ПСЖ 16, 2.Реал Мадрид 11, 3.Бриж 3, 4.Галатасарај 2
ГРУПА Б
Баерн Минхен – Тотенхем 3:1
Олимпијакос – Црвена звезда 1:0
Табела: 1.Баерн М. 18, 2.Тотенхем 10, 3.Олимпијакос 5, 4.Црвена звезда 3
ГРУПА Д
Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 2:0
Баер Леверкузен – Јувентус 0:2
Табела: 1.Јувентус 16, 2.Атлетико М 10, 3.Баер Л. 6, 4.Локомотив М 3
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛОКОМОТИВ МОСКВА
БАЕРН М – ТОТЕНХЕМ
ПСЖ – ГАЛАТАСАРАЈ
ОЛИМПИЈАКОС – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ЈУВЕНТУС
БРИЖ – РЕАЛ МАДРИД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.