Спорт
Лига на шампионите: Челси со победа во Шведска, голчишта на Волфсбург – Салцбург

Челси на Томас Тухел направи голем чекор напред кон пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите стигнувајќи до 1:0 победа на гостувањето кај Малме, а Волфсбург со 2:1 им го нанесе првиот пораз на Ред бул Салцбург во неизвесната група Х.
По лесната домашна победа пред две недели против Малме, Челси овој пат се намачи со шведскиот шампион стигнувајќи до победа благодарение на голот на Хаким Зијеш во 55. минута од мечот по одличното нафрлање на Рубен Лофтус-Чик.
На „Фолскваген арената“ пак, Волфсбург стигна до рано водство преку Ридле Баку уште во третата минута, но австрискиот шампион одговори во 30. минута со апсолутно прекрасен гол од слободен удар на Максимилијан Вебер. Да не останат покуси, Волфсбург стигна до водечкиот гол во 60. минута со неверојатен гол на Лукас Нмеча.
Maximilian Wober, ex Sevilla FC, empata el partido con un golazo de falta. pic.twitter.com/HFMtlKY1WB
— Рафа ?? (@CornerRuso) November 2, 2021
Lukas Nmecha what a fooking goal pic.twitter.com/pT4KlWug93
— Joseph (@JosephMCFC) November 2, 2021
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 4. КОЛО
ГРУПА Г
Волфсбург – Ред Бул Салцбург 2:1
Севилја – Лил 21 ч
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1468-36886”));
ГРУПА Х
Малме – Челси 0:1
Јувентус – Зенит Санкт Петерсбург 21 ч
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1469-36886”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Среќна „седумка“ за Севилја во Лига Европа, прв пораз во финале за Мурињо!

Севилја го потврди епитетот на „мајстор“ во Лига Европа, освојувајќи ја својата седма титула на „Пушкаш арената“ во Будимпешта, откако ја победија Рома на Жозе Мурињо со 4:1 на пенали, откако по 120 минути игра беше 1:1.
Ова е фантастичен успех на тимот на Хозе Луис Мендилибар, посбебно ако се знае дека имаа катастрофален старт на сезоната во Ла лига, но потоа имаа фантастичен пат до финалето, елиминирајќи ги фаворизираните Манчестер јунајтед и Јувентус.
За Мурињо, пак, по пет титули во европските финалиња, вклучувајќи го и минатогодишното финале во Конференциската лига, ова е прв пораз, и доаѓа во момент кога шпекулациите велат дека е пред заминување од клубот.
Рома ја имаше иницијативата на стартот на мечот, и во 35. минута, Пауло Дибала, за кого Мурињо зборуваше дека не е подготвен за цел меч, постигна прекрасен гол по уште поубавата асистенција на Џанлука Манчини за предност на италијанскиот тим. Ова предност траеше до 55. минута, кога токму Манчини израмни со автогол, сместувајќи си ја топката во сопствениот гол.
Севилја имаше иницијатива до крајот на регуларните 90 минути, по што се отиде на продолжение, одбележано со нервозна игра на двата тима и на крајот со пенал-серија.
Севилја прва почна со пенал серијата преку Окампос, кој беше прецизен, исто како и Брајан Кристанте за Рома. Ерик Ламела исто така беше прецизен, за обидот на Манчини да заврши во нозете на фантастичниот Боно за предност на шпанскиот клуб. По него, Ракитиќ беше сигурен, но Ибањез ја погоди стативата за Рома, за да ги донесе Севилја на чекор до победа. Гонзало Монтиел ја доби честа да ја осигура титулата, но негеовиот обид заврши во нозете на голманот на Рома, Руи Патрисио, по што судијата Ентони Тејлор нареди повторно изведување за прерано излегување од гол-линија, и Монтиел беше сигурен со гол за титула.
Спорт
(Видео) „Ајронмен“ Ѓоковиќ со нова победа во Париз

Во спектакуларната вечерна сесија, Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Ролан Гарос, победувајќи го Унгарецот Мартон Фучович со 7:6(2)/6:0/6:3 по контроверзите за неговата порака за Косово која го стави тенисот во втор план во претходниот меч.
Овојпат најмногу внимание предизвика чудната „лепенка“ на градите на Ѓоковиќ, која многумина ја споредија со суперхеројот „Ајронмен“, а која најверојатно е некој магнет за намалување на болките.
Iron Man has changed his Arc Reactor 😄#RolandGarros pic.twitter.com/XutxTAS1Y7
— Tennis Channel (@TennisChannel) May 31, 2023
Првиот сет беше вистинска награда за навивачите кои ги платија скапите билети, откако двајцата тенисери покажаа фантастична борбеност, и дури по час и половина игра, Србинот дојде до предност со 7:2 во тај-брејкот. Публиката ги награди тенисерите со аплауз и овации.
A standing ovation for Djokovic and Fucsovics after one of the best points at this year's French Open 👏#RolandGarros pic.twitter.com/7HMkatAEsk
— Eurosport (@eurosport) May 31, 2023
Ако првиот сет беше неизвесен, во вториот, Ѓоковиќ не му дозволи ниту еден поен на противникот, чија игра падна, и беше готов за само половина час. На почетокот на третиот сет имаше размена на брејкови, но на крајот Ѓоковиќ доби предност и го комплетираше триумфот.
Следен за Ѓоковиќ е 29. носител, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина, кој со 6:4/6:3/7:6(6) го победи Французинот Лукас ван Аш.
Спорт
Македонија со одлична победа над Белгија во Златната европска лига

Македонската одбојкарска репрезентација стигна до убедлива 3:1 (25:21, 25:23, 17:25, 25:20) победа над Белгија во второто коло од Златната европска лига, за прв триумф во натпреварувањето по убедливиот пораз од 3:0 во првиот меч против Украина.
Во првиот сет, Македонија се одвои од 22:21 за почетно водство, за потоа во вториот сет, повторно во интересна завршница да се искористат сите грершки на противникот за убедливо 2:0 водство.
Белгијците покажаа дека се сериозен тим во третиот сет, кога на почетокот направија предност од пет поени и потоа лесно го земаа сетот со 25:17. Но, тимот на Јошко Миленкоски покажа дека нема да дозволи победата да избега, за да поведе со 11:9 и 18:13 во четвртиот сет за победа.
Никола Ѓорѓиев заврши со 20 поени, пред Александар Љафтов со 16 поени. Следниот предизвик за Македонија е домашниот меч против Хрватска веќе во сабота.
Фото: ОФМ