Спорт
ЛШ: Динамо не направи предност против Легија, Бенфика супериорна во Москва
Динамо Загреб не успеа да направи предност на „Максимир“ во првиот меч од квалификациите а Лигата на шампионите и ќе гостува во Полска со многу стравувања, откако одиграа само 1:1 со Легија во меч на кој вчера му претходеа неверојатни хулигански пресметки во Загреб.
На Динамо можен противник во баражот им е лутиот ривал од поранешна Југославија, Црвена звезда, но ниту тие вчера не успеаја дома да направат предност одигрувајќи 1:1 со Шериф Тираспол од Молдавија.
„Модрите“, за кои стартер беше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, ја имаа иницијативата од стартот на мечот, но дојдоа во водство дури во 60. минута, кога Бруно Петковиќ одлично реагираше. Меѓутоа, оваа предноста не успеаја да ја оддржат, откако албанскиот репрезентативец Ернест Мучи успеа да постигне прекрасен гол само што влезе во игра во 83. минута од мечот.
За разлика од нив, Бенфика покажа дека е класа над Спартак Москва, победувајќи 2:0 во руската престолнина, а Ференцварош ќе патува со 2:0 предност во Чешка по 2:0 победата над Славија Прага.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 1.МЕЧ
Спартак Москва (Рус) – Бенфика (Пор) 0:2
Динамо Загреб (Хрв) – Легија Варшава (Пол) 1:0
Ференцварош (Унг) – Славија Прага (Чеш) 2:0
Ernest Muçi ?#DZGLEG pic.twitter.com/6jb8bWfYD5
— Czarek (@Czarrek85) August 4, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.