Спорт
ЛШ: Сити го здроби Бриж, Спортинг со голема победа во Истанбул
Манчестер сити без мака со 1:5 славеше на гостувањето во Белгија кај Клуб Бриж за барем привремено да се искачи на првото место во групата А во Лигата на шампионите, а Спортинг го остави Бешикташ на нула поени кога на гостувањето во Истанбул победи со 4:1.
Тимот на Пеп Гвардиола беше доминантен на гостувањето во Белгија иако им беше потребен половина час за првиот гол кога Фил Фоден имаше фантастична асистенција до Жоао Кансело во 30. минута за прв гол. Ријад Марез во 43. минута од мечот од пенал зголеми на 0:2 пред во второто полувреме првин Кајл Вокер да постигне убав гол во 53. минута по асистенција на Де Брујне пред 19-годишниот Кол Палмер да го постигне својот прв гол во Лигата на шампионите во 67. минута од мечот. Најдобриот напаѓач на Бриж, Ханс Ванакен, во 81. минута го постигна утешителниот гол за домаќините пред Ријад Марез да стави точка на натпреварот во 87. минута.
На „Водафон парк“ во Истанбул, пак, Уругваецот Себастијан Коатес во 15. минута го донесе Спортинг во водство, Бешикташ врати преку Кајл Ларин во 24. минута, но гостите до крајот на полувремето вратија со два гола – прво Коатес само три минути подоцна го врати водството пред Пабло Сарабија од пенал во 44. минута да зголеми на 1:3. Паулињо во 89. минута ја потврди катастрофата на Бешикташ.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА А
Клуб Бриж – Манчестер сити 1:4
Пари Сен-Жермен – РБ Лајпциг 21 ч
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1462-36886”));
ГРУПА Ц
Бешикташ – Спортинг Лисабон 1:4
Ајакс – Борусија Дортмунд 21 ч
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1464-36886”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.
Спорт
Помошникот на Артета ќе го преземе Феенорд?
Челниците на Феенорд се свесни дека тренерот Арне Слот ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека тој ќе го наследи Јирген Клоп во Ливерпул. Овие извири тврдат дека двете страни се блиску до конечен договор.
Ливерпул ќе треба да му плати на Феенорд десет милиони евра како обештетување, бидејќи Слот има уште две години од договорот со клубот од Ротердам.
Замената за Слот, како што пишува холандскиот весник „АД“, Феенорд ќе ја донесе од Арсенал. Според овој извор, нов тренер на Феенорд ќе биде асистентот на Микел Артета во Арсенал, Алберт Стуивенберг (54).
Стуиенберг, работел во јуниорските категории на Феенорд, потоа во Англија му беше помошник на Луис ван Гал во Манчестер Јунајтед.
Тој е со Артета во Арсенал од 2019 година, а доколку биде ангажиран во Феенорд, тоа би му била прва самостојна работа.
Спорт
Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар, славеа гостите
Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Гостите од Рим славеа со гол во судиското надополнување со 1:2.
Натпреварот кој се играше на 14 април беше прекинат во 72. минута, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ендика колабираше на теренот. Вечерва се одиграа преостанатите 18 минути.
Од 72.минута дуелот продолжи со резултат 1:1. Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.
На двете екипи им беа неопходни бодови, Удинезе бидејќи се бори за опстанок, Рома е во трака за место Лигата на шампионите. Рома е петта на табелата со 58 бодови, четири помалку од Болоња на четвртото место. Удинезе е на 17. место со 28 бодови, колку шт има и Фросиноне.