Спорт
ЛШ: Украински кошмар за Реал, сега и со победа немаат сигурно место!

Освојувачите на рекордни 13 европски титули, Реал Мадрид повторно загубија од Шахтјор Доњецк, за сега ниту со победа во последното коло во групната фаза на Лигата на шампионите да немаат гарантирано место во осминафиналето.
„Кралевите“, кои и дома загубија од украинскиот шампион (2:3), беа поразени со 2:0 на „Олимпискиот стадион“ во Киев, со што паднаа на третото место на табелата во групата Б со 7 поени, колку што имаат и Шахтјор и еден помалку од Борусија Менхенгладбах, кои вечерва ги пречекуваат Интер. Тоа значи дека и со победа над Менхенгладбах во последното коло, доколку Шахтјор го победи Интер на гости, „кралевите“ ќе бидат елиминирани, бидејќи имаат негативен скор со украинскиот клуб.
По слабото прво полувреме, Шахтјор дојде во водство во 57. минута по новата катастрофална грешка на Рафаел Варан преку Дентињо, за во 82. минута, Израелецот Манор Соломон со удар од далечина го матираше Тибо Куртоа, а Варан повторно лошо интервенираше.
И во групата А ситуацијата се искомпликува, откако во Москва, Ред бул Салцбург предводени од двата гола на младиот Мергим Бериша стигнаа до 3:1 победа над Локомотив Москва. Тука Баерн веќе се во осминафиналето и вечерва гостуваат со Б-тим кај Атлетико Мадрид, кои се втори со 5 поени. Салцбург се трети со 4 поени, а Локомотив на последното место со 3 поени.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
ГРУПА А
Локомотив Москва – Ред бул Салцбург 1:3
Атлетико Мадрид – Баерн Минхен 21.00 ч.
Табела: 1.Баерн М. 12, 2.Атлетико М. 5, 3.Салцбург 4., 4.Локомотив М. 3
ГРУПА Б
Шахтјор Доњецк – Реал Мадрид 2:0
Борусија Менхенгладбах – Интер 21.00 ч.
Табела: 1.Менхенгладбах 8, 2.Шахтјор 7, 3.Реал М. 7, 4.Интер 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хрватска, конечно, убедлива, Унгарците остануваат максимални

Хрватската ракометна репрезентација, конечно, одигра убедлив натпревар, победувајќи го Бахреин со 28:18 за да дојдат чекор поблиску до пласман во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет.
Откако им дозволија само два гола во првите 20 минути на противниците, по што рутински стигнаа до целта. Златко Хорват со осум гола беше најефикасен за „коцкестите“, по четири имаа Иван Мартиновиќ и Марино Мариќ, додека за Бахреин, Алсајад Хусаин имаше шест гола. Следен противник на Хрватите е Аргентина.
Одлична партија имаа и Унгарците, кои со 29:23 го совладаа Бразил за да се зацврстат на првото место во групата 1. Бенце Банхиди беше најдобар со пет гола, по четири додадоа Сунајке, Мате и Бодо, додека кај Бразил, Ланжаро имаше осум гола.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Уругвај – Полска 16:30 (9:14)
Унгарија – Бразил 29:23 (16:11)
Шпанија – Германија 20.30 ч.
Табела: 1.Унгарија 6, 2.Полска 4, 3.Шпанија 3, 4.Германија 2, 5.Бразил 1, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2
Јапонија – Аргентина 24:28 (13:17)
Хрватска – Бахреин 28:18 (13:8)
Данска – Катар 20.30 ч.
Табела: 1.Хрватска 5, 2.Данска 4, 3.Аргентина 4, 4.Катар 2, 5.Јапонија 1, 6.Бахреин 0
Спорт
Ѓоковиќ не одолеа на хармониката, мораше да заигра на тераса

Новак Ѓоковиќ последните денови беше под критики од австралиската јавност за наводните „претерани и разгалени барања“ за тенисерите кои го „отслужуваат“ 14-дневниот карантин во хотел, но очигледно не го загубил расположението како што покажува последното видео од Австралија.
На Ѓоковиќ овојпат пред хотелот му се собраа српски навивачи со музика, кои успеаја да го раздрмаат и разиграат на терасата. Како подготовка за тенискиот турнир, нели?
Спорт
Шпанката Бадоса е првата тенисерка со коронавирус на Австралија опен

Шпанската тенисерка Паула Бадоса е првата натпреварувачка која во карантинот во Мелбурн пред почетокот на Австралија опен имала позитивен тест на Ковид 19.
Таа патувала со еден од оние спорни летови од Абу Даби на кои уште двајца патници покажале позитивни резултати на вирусот.
Бадоса на социјалните мрежи напишала дека не се чувствува добро, па морале да ја преселат во медицински хотел во Мелбурн.
„Имам лоши вести, денеска добив позитивен тест на коронавирус. Не се чувствувам добро, имам некои од симптомите, но ќе се обидам да се опоравам. Ви благодарам на поддршката, ќе се вратам уште посилна“ порача 23-годишната тенисерка кој моментно е 67-ма на ВТА листата.
Минатата сезона Бадоса стигна до осминафиналето на Ролан Гарос. Лани во Мелбурн натпреварувањето го заврши во второто коло, подобра од неа беше Петра Квитова.
— Paula Badosa (@paulabadosa) January 21, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот