Спорт
Луис Енрике: Чави во Барса изгледаше како да го тренира Еибар
Луис Енрике во последно време е во центарот на вниманието поради изоставувањето на Усман Дембеле, но и поради тоа што се појавуваат делови од документарниот филм кој „Мовистар“ го направи за Пари Сен Жермен.
Шпанецот беше еден од клучните актери, а неговите критики кон Килијан Мбапе веќе го обиколи светот на социјалните мрежи.
Во овој документарец, Енрика ја спореди својата со Барса на Чави и се нафрли на поранешниот тренер и капитен на каталонскиот гигант.
„Барселона со Чави во текот на двете сезони не беше доминантен тим, ниту го контролираше поседот. Доколку тоа беше така во мое време, не само што ќе бевме критикувани, туку и ќе бевме на столбот на срамот. Ако сте некој што е слепо на страната на Чави ќе речете дека тој е третиот човек на клубот по Јохан Кројф и Пеп Гвардиола, но ако сте неутрален аналитичар, ќе кажете дека изгледа како да го тренира Еибар. Со мене Барса имаше своја ДНК, со Чави не беше така“, изјави Луис Енрике.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јанис 59, Вембањама 50, Ентони-Таунс 46, Пул 42
Луда ноќ во НБА лигата ја обележаа Јанис Адетокумбо, Виктор Вембањама, Карл-Ентони Таунс, Џордан Пул.
Јанис Адетокунбо им приреди незаборавна ноќ на Детроит Пистонс, учествуваше во победата на Бакс по продолженија од 127:120 со 59 поени, 14 скока и седум асистенции, шутирајќи 21/34 од поле и 16/17 од белата линија. Јанис пет поени го делаа од личниот рекорд, минтата сезона против Индијана постигна 64 поени.
Монструозно издание имаше Виктор Вембањама во победата на Сан Антонио Спарс над Вашингтон Визардс со 139:130, придонесе со 50 поени, погодувајќи 8/16 за три, шест скока и три блокади. На спротивната страна блескаше Џордан Пул со 42 поени, односно поен помалку од личниот рекорд кој го постави додека играше во Голден стејт Вориорс.
Карл-Ентони Таунс имаше 46 поени, 10 скока и три украдени топки во „Медисон Сквер Гарден“, но Њујорк Никс беа поразени по луда завршница од Чикаго Булс по непотребниот фаул на Џош Харт врз Колби Вајт на три секунди до крајот крајот.
Леброн Џејмс во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Мемфис Гризлис го оствари третиот последователен трипл-дабл, а 40-ти во кариерата со повеќе од 30 постигнати поени.
Спорт
Грег Поповиќ имаше благ мозочен удар
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ доживеа благ мозочен удар на 2 ноември, потврди НБА франшизата.
Поповиќ е на кормилото на Спарс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради тогашниот „недефиниран здравствен проблем“.
Реномираниот стратег има 75 години. На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА – 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.
Три пати беше прогласуван за тренер на годината (2003, 2012 и 2014 година) и официјално е еден од 15. најдобри тренери во историјата на НБА.
Поповиќ беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио.
Поповиќ веќе го започнал процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Поповиќ му обезбедила приватност и простор во оваа ситуација.
Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Поповиќ како главен тренер.
Спорт
Бентанкур се соочува со суспензија од седум натпревари
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА0 подготвува жестока казна за Росриго Бентакур.
Во јуни, додека одговараеше на прашања на уругвајските медиумиј, тој без да внимава на изборото на зборовите, рече дека „сите луѓе од Јужна Кореја се повеќе или помалку исти“, зборувајќи за неговиот соиграч Хонг-мин Сон.
ФА го истражи случајот и според островските медиуми ќе биде суспендиран на дури седум натпревари.
Тоа практично значи дека Ангелос Постекоглу нена да може смета на него до 26 декември и натпреварот во Нотингем Форест.
Тоа би бил сериозен удар бидејќи Тотенхем до тој натпревар ќе игра против Манчестер сити на 23 ноември, потоа Фулам, Борнмаут, Челзи, Саутемптон и Ливерпул, а ќе го пропушти и дуелот со Манчестер јунајтед во четврт-финалето на Лига купот.
Сезонава Уругваецот постигна еден гол на 14 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем.