Спорт
Лукаку го одигра најлошиот натпревар во досегашниот тек на ЕП
Репрезентацијата на Словачак го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек од Европското првенство. Словаците, вечра, во Е групата ја победија Белгија со 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Иван Шранц во седмата минута.
Апсолутен трагичар на натпреварот беше Ромелу Лукаку. ВАР му поништи два гола и плус не реализираше три големи шанси. Тој доби најслаба оценка од сите актери на теренот. „Софаскор“ му додели шестка, бидејќи порај нереализираните шанси, загубил пет дуели, а имал само 27 допири со топката и само еднаш добил дуел со противничките дефанзивци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн сака да ги задржи Мусијала и Кимих
Баерн Минхен во следните неколку дена ќе ги интензивира преговорите за продолжување на соработката со Џошуа Кимих и Џамал Мусијала.
Макс Еберле, спортскиот директор на Баварците, истакна дека и двајцата фудбалери се подеднакво важни за клубот и дека повеќекратниот европски шампион ќе направи се што е во нивна моќ да ги задржи и двајцата.
Поминувајќи низ школите на Саутемптон и Челзи, како и помладите репрезентативни селекции на Англија, 21-годишниот Мусиала дојде во Баерн во 2020 година и има договор до јуни 2026 година. Најчесто Мусиала се поврзува со Манчестер сити.
Осум години постариот Кимих е во Баерн од 2015 година кога го напушти Лајпциг, а последните две години се поврзува со Барселона.
Баерн со три победи во три натпревари ја отвори новата сезона во Бундеслигата, вечерва од 21 часот, во Минхен го игра натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Динамо Загреб.
Спорт
Баерн му забрани на Динамо да тренира: Можете само да се сликате…
Пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите во новиот формат, се случи несекојдневна ситуација во Минхен, пред дуелот помеѓу Баерн и Динамо Загреб.
Челниците на баварскиот гигант им забранија на играчите на Динамо да тренираат на теренот каде вечерва од 21 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло во елитното натпреварување.
Причината е многу лошата состојба на теренот на „Алијанц арената“, кој датира од Европското првенство кое заврши пред два месеци.
Хрватските медиуми пренесуваат дека теренот е полн со дупки и прилично нерамен и затоа Баерн не дозволи гостите да тренираат на овој терен.
Баерн двапати ја менуваше подлогата од полуфиналето на ЕП на 10 јули, но тоа не помогна, бидејќи високите температури ја уништија тревата.
Затоа Динамо не тренираше во Минхен, туку тоа го направи во текот на денот во Загреб, а во вечерните часови во понеделник играчите можеа само да се фотографираат на стадионот.
Спорт
Менди го продолжи договорот со Реал
Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди постигна договор со клубот и ја продолжи соработката.
Договорот на Менди истекуваше следното лето, но челниците на клубот успеаја да го убедат да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2027 година.
Менди во Реал пристигна пред пет години, му беше потребно време да се прилагоди, имаше проблеми со повреда, но успеа да се докаже и како што времето одминуваше стана еден од најважните дефанзивци во тимот на шпанскиот великан. На трансферот на менди пред пет години од Лион инсистираше тогашниот тренер на Реал, Зинедин Зидан.