Спорт
Лукаку: Не сум задоволен од ситуацијата во Челси, еден ден ќе се вратам во Интер
Ромелу Лукаку не е среќен во Челси под системот на Томас Тухел и чувствува носталгија кон претходниот клуб Интер, открива Белгиецот во неверојатно интервју за „Скај спортс“.
„Физички сум добар. Но, не сум среќен со ситуацијата во Челси. Тухел реши да игра со поинаков систем. Нема да се предадам, ќе бидам професионалец. Не сум среќен со ситуацијата, но сум професионалец и не можам да се предадам сега“, вели Лукаку.
28-годишниот Белгиец го постигна единствениот гол при 1:1 ремито со Брајтон во средата, што беше негов петти гол во 13 настапи оваа сезона откако се врати на „Стемфорд Бриџ“ за рекордни за клубот 97,5 милиони фунти од Интер, каде што во две сезони имаше 47 гола во 72 меча.
Тој признава дека чувствува носталгија за Интер и верува дека еден ден ќе се врати кај „неаѕурите“.
„Се надевам од дното на срцето дека ќе се вратам во Интер не на крајот на кариерата, туку кога уште ќе сум на врвно ниво за да освоиме уште нешто заедно. Сакам да им се извинам на навивачите на Интер бидејќи не ги избрав зборовите добро – тоа што го направивте за мене, ќе остане засекогаш“, вели Лукаку.
Лукаку претходно беше играч на Челси од 2011 до 2014, но имаше само 10 настапи, по што беше позајмен на Вест Бромвич Албион и Евертон. Тој исто така играше и за Манчестер јунајтед и неговите 118 гола во Премиер лигата го прават 20. на вечната листа и трет меѓу активните фудбалери зад Хери Кејн (170) и Џејми Варди (127).
Romelu Lukaku to @SkySport: “Physically I am fine. But I’m NOT happy with the situation at Chelsea. Tuchel has chosen to play with another system – I won’t give up, I’ll be professional. I am not happy with the situation but I am professional – and I can’t give up now”. ? #CFC pic.twitter.com/KGNoJ10cwp
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 30, 2021
Lukaku to @SkySport: “I really hope from bottom of my heart to return to Inter not at the end of my career, but when I’m still at top level to win more together”. ? #CFC
“I want apologize to the Inter fan, timing of my words was wrong: what you did for me will remain forever”. pic.twitter.com/4Oz6ztuWMx
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 30, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди: Малта само мислеше како да се одбрани, ќе бидеме подобри со Украина и со Англија

„Десетката“ на Македонија, Енис Барди, смета дека нашиот национален тим сосема заслужено стигна до победа од 2:1 на вечерашниот меч против Малта во Скопје. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите.
„Заслужено победивме, постигнавме два гола, можевме и уште некој. Првиот чекор од овие квалификации беше успешен, очекувам да играме уште подобро против Украина и против Англија. Тешко е да се игра против Малта која само мисли како да се одбрани. Ќе бидеме уште подобри во иднина. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за поддршката“, изјави Енис Барди.
Македонија на 27 март ја очекува и пријателски натпревар против Фарски Острови на арената „Тодор Проески“.
Спорт
Хари Кејн најдобар стрелец во историјата на Англија

Kапитенот на Англија, Хари Кејн, со 54 гола вечерва стана рекордер во историјата на фудбалска репрезентација на гордиот Албион, откако беше стрелец на натпреварот против Италија во Неапол, во квалификациите за ЕП 2024 година.
Англија ја победи Италија со 1:2 во првото коло од групата Ц, а Кејн за националниот тим го постигна 54. гол на 81 натпревар.
Фудбалерот на Тотенхем го собори рекордот што го делеше со Вејн Руни, кој постигна 53 гола на 120 натпревари за англиската селекција.
Кејн ќе може да го подобри својот рекорд веќе о недела, кога Англија во второто коло ја пречекува Украина на „Вембли“.
Спорт
Милевски: Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни, важен е триумфот

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта го стартуваше новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2024. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите за нашиот национален тим, кој, сепак, не блескаше.
Селекторот Благоја Милевски доби црвен картон во завршницата од мечот.
„Добив црвен картон затоа што сум го напуштил просторот за водење на тимот крај клупата. За тоа се добива жолт картон, но ете јас поцрвенев. Сакам да им честитам на момците, за енергијата, за желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни. Најважно е дека победивме, а од натпревар во натпревар сме сѐ подобри. За жал, имаме повреди. Ѓоко Зајков со итна помош е одведен во болница, а Адеми се повреди на последниот тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.