Спорт
Лукаку: Ова е најглупавата насловна, Милан и Рома со блокада за „Кориере дело спорт“
Реакциите на скандалозната насловна страница на „Кориере дело спорт“ не престануваат во Италија, каде што се јавија и Ромелу Лукаку и Крис Смолинг, а некои од клубовите објавија дека отсега новинарите на весникот се непожелни.
Насловната на која пишуваше „Црн петок“ како најава за дуелот на Рома и Интер со ликот на Лукаку и Смолинг, наместо да стане моќна порака против расизмот во Италија по сите проблеми, стана скандал.
Кога уредникот на весникот, Иван Зацарони, го бранеше насловот, се јавија Смолинг и Лукаку.
„Наместо да се фокусира на битката меѓу двата тима, ’Кориере дело спорт’ оди со најглупавата насловна што сум ја видел во кариерата. Вие само ги загревате негативноста и расизмот наместо да зборувате за прекрасниот спорт кој ќе се игра на ’Сан Сиро’ меѓу два големи клуба“, напиша Лукаку.
— R.Lukaku Bolingoli9 (@RomeluLukaku9) December 5, 2019
И Смолинг реагира.
„Би сакал денот да го поминам фокусирајќи се на големиот меч утре, но важно е да се посочи дека тоа што се случи утрово е погрешно и нечувствително. Се надевам дека уредниците ќе преземат одговорност и ќе сфатат каква моќ имаат зборовите“, напиша Смолинг.
— Chris Smalling (@ChrisSmalling) December 5, 2019
Ситуацијата ескалира кога Рома и Милан во заедничко соопштение објавија дека до крајот на сезоната новинарите на „Кориере“ нема да бидат пожелни на нивните натпревари.
„Веруваме дека фудбалерите, клубовите, навивачите и медиумите треба да бидат обединети во борбата со расизмот и мораме да ја понесеме одговорноста“, се вели во соопштението.
Following the publication today of the front page headline ‘Black Friday’ accompanied by a picture of Chris Smalling and Romelu Lukaku, #ACMilan and @ASRomaEN have issued an immediate ban to the “Corriere dello Sport”.
Full statement ??https://t.co/0KrCNGEWRC— AC Milan (@acmilan) December 5, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.