Спорт
Маестро Мбапе и рекордерот Жиру ја однесоа Франција во четвртфиналето
По Холандија и Аргентина, пласман во четвртфиналето на СП избори и селекцијата на Франција. Бранителите на титулата ја победија Полска со 3:1 (1:0). Оливие Жиру у Килијан Мбапе ги постигнаа головите со кои Франција ја победи Полска.
Французите од почетокот ја искористија определбата на Полјаците да го одбранат својот гол. Доминацијата на теренот ја зачинија со два гола. Полска имаше две опасни шанси во 39.минута, кога Љорис и Варан го одбранија францускиот гол.
Оливие Жиру во 43.минута го постигна првиот гол. Напаѓачот на Милан испиша историја на францускиот фудбал, го постигна 52 гол. Жиру сега е најдобриот стрелец во француската фудбалска историја.
Мбапе во 74.минута зголеми на 2:0, а во 91. напаѓачот на ПСЖ со прекрасен гол стави точка на натпреварот. Со пет гола Мбапе е прв стрелец на СП.
Полска доби ВАР пенал во 96.минута, Левандовски првиот пат не реализираше, но од повторениот обид го совлада Љориис.
Франција во четвртфиналето, ан 10.декември ќе игра против Англија или Сенегал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бостон има нов сопственик – Селтикси се најскапата франшиза

Еден од главните партнери на „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм е новиот сопственик на Бостон Селтикс.
Веста ја објави новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија.
Како што наведе, Чисолм ќе му плати на семејството Гросебек неверојатни 6,1 милијарди долари.
Доколку оваа цена се покаже како точна, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка.
За работите да бидат уште поневеројатни, Грусбекс ги купија Селтикс во 2002 година за само 360 милиони долари.
Бостон Селтикс се актуелни шампиони во НБА, низ историјата 18 пати биле шампиони, што ги прави најтрофејна франшиза.
По 69 одиграни натпревари оваа сезона, Бостон е на второто место на Истокот со 50 победи и 15 порази.
Спорт
Јапонија обезбеди пласман на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Јапонија официјално се пласираше на Светското првенство следната година, откако ја оправда улогата на фаворит на домашен терен со победата над Бахреин со 2:0.
Уште пред денешната пресметка во Саитама се знаеше дека „Самурајите“ се блиску до седмото последователно учество на планетарниот шампионат, а сите дилеми беа решени со очекуваната победа.
Јунак на јапонскиот триумф беше првотимецот на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, кој најпрвин му асистираше на Даичи Камада во 66. минута за водство од 1:0, а потоа ја удвои предноста за конечен резултат на три минути до крајот на натпреварот.
На три кола пред крајот на третата фаза од азиските квалификации, Јапонија ги реши сите дилеми околу квалификациите за Светското првенство, бидејќи нема теоретски шанси да падне под второто место.
Да потсетиме дека Јапонците својот најголем успех го постигнаа со пласманот во осминафиналето на Светското првенство во четири наврати – во 2002, 2010, 2018 и 2022 година.
Спорт
Сезоната заврши за Паоло Дибала

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала мора да оди на операција на тетивата. Клубот соопшто дека сезоната за Дибала е завршена.
„Пауло Дибала ќе биде опериран во следните неколку дена по повредата на тетивата на левата нога. Играчот и клубот се договорија дека тоа е вистинскиот пат за оптимално закрепнување од повредата. Најдобри желби за брзо закрепнување Пауло, те очекуваме“, се вели во соопштението на Рома.
Аргентинецот оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола.