Спорт
Магичниот гол на денот доаѓа од италијанската Серија Б

Најубавиот гол оваа недела ни доаѓа од италијанската Серија Б, каде што Кремонезе славеше со 2:0 на гостувањето кај Ентела, а одговорниот за „магијата“ е Микеле Кастањети.
Фудбалерот на Кремонезе од неверојатна далечина упати фантастичен удар кој го фати голманот на Ентела неподготвен. Секако, кандидат за гол на годината.
GOL CLAMOROSO DI MICHELE #CASTAGNETTI IN ENTELLA-CREMONESE! SEGNA DA CASA SUA! #SerieB pic.twitter.com/MjyBlWcYTF
— CUORE GRIGIOROSSO (@CGrigiorosso) March 16, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Звезда е казнета поради навредите кон Ибрахимовиќ на „Рајко Митиќ“

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда е казнет со два меча играње пред празни трибини и со парична казна од 30.000 евра затоа што Златан Ибрахимовиќ на стадионот „Рајко Митиќ“ беше навредуван на национална и верска основа.
Српскиот шампион следниот европски натпревар ќе го игра без гледачи (доколку поради Ковид мерките тогаш биде дозволено присуство на публика), а казната за вториот меч е условна и ќе се активира ако ваква слична ситуација се повтори во рок од една година.
За потсетување, на мечот Црвена Звезда – Милан во рамки на Лига Европа одигран во Белград од новинарската ложа беа упатени навреди кон Ибрахимовиќ откако тој го прослави голот на неговата екипа.
Потсетување на инцидентот:
На следниот меч во Европа белградскиот клуб ќе мора да излезе на теренот со транспарент „Не за расизмот“.
Спорт
Сидорф: Казни за тие што покриваат уста додека разговараат со противникот

„Играчите треба да се казнуваат поради покривање на устата со рака додека разговараат со противникот или судијата“, смета поранешниот холандски фудбалер, Кларенс Сидорф (45).
Коментарите на екс-фудбалерот од средниот ред се поради неодамнешниот инцидент на мечот од Лига Европа меѓу шкотски Ренџерс и Славија од Прага. Денеска стигнаа и казните за двајцата фудбалери.
Дефанзивецот на Славија – Ондреј Кудела ја покри устата додека разговараше со противничкиот фудбалер Глен Камара кој подоцна обвини за расизам што Чехот го отфрли. Кудела ќе паузира 10 натпревари, а Камара е суспендиран на три меча поради инцидентот.
„Зборуваме за спорт, тој мора да е транспарентен, па зошто тогаш би ја покривале устата за да му кажеме нешто на противникот. Ако зборувам со мојот тренер или соиграчот и ја покријам устата – во ред е, но кога му се обраќате на судијата или на противникот, во било кој спорт, не смеете да ја покривате устата. Ако тоа го сторит, мора да постои санкција“ вели Сидорф.
Холанѓанецот вели дека во текот на кариерата видел како играчи со рака ја покриваат устата додека се во кавга.
„Имаше расистички ситуации во последните неколку недели и месеци. Тие работи многу лесно би се надминале со примена на некои правила“ смета тој.
Спорт
Шкендија чекор поблиску до титулата, Беласица ги шокираше Шкупи

Полладнево се одигра 27.коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. Најголемото изненадување го направија фудбалерите на Беласица, кои во Скопје славеа над Шкупи. Вардар освои само бод против Ренова, додека Шкендија со минималната победа над Академија Пандев уште повеќе се доближи до шампионската титула.
Работнички освои бод во Струга, Македонија ЃП го порази Борец, а Пелистер со пресврт успеа да го победи Силекс.
Беласица, во Скопје, славеше над Шкупи со гоот на Демир постигнат во 11.минута. Голот на Ибраими во 52.минута го реши победникот во дуелот помеѓу лидерот Шкендија и „Пандевци“.
Во Битола, Силекс по 19 минути водеше против Пелистер со 0:2, со головите на Ѓоргиев и Тантуровски, меѓутоа домашните се врати во мечот за само шест минути, со головите на Драгарски во 24. и Иливевски во 30.инута. Конечните 3:2, во 71.минута ги постави Нето.
Варадар и Ренова освоија по бод и останаа при дното на табелата. Јашаровски погоди за Ренова во 15.минута, а израмни во 53.минута Мирчевски. Без победник, 1:1 заврши и дуелот во Струга. Миленковски го постигна голот за домашниот тим, а за Работнички израмни Станковси.
Резултати:
Шкендија-Академија Пандев 1:0
Вардар-Ренова 1:1
Шкупи-Беласица 0-1
Струга-Работнички 1:1
Македонија-ЃП-Борец 2:1
Пелистер-Силекс 3:2
Табела: 1. Шкендија 62, 2. Шкупи 49, 3. Македонија ЃП 47, 4. Струга 41, 5. Работнички 40, 6. Пелистер 35, 7. Борец 33, 8. Академија Пандев 31, 9. Силекс 29, 10. Ренова 28, 11. Вардар 28, 12. Беласица 17.
Фото/facebook.com/fcshkendija
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш