Спорт
Мајк Тајсон VS ајкули – во три рунди
Мајк Тајсон уште е толку големо спортско име што секоја негова активност предизвикува огромно внимание, а неодамна тој имаше случка на која ќе се сеќава цел живот – среќавање лице во лице со огромна ајкула.
Како дел од Shark Week неделата на популарниот канал „Дискавери“, тој одеше на нуркање со ајкули, а една од задачите беше да успие една со невообичаен момент – со скокоткање на носот на ајкулата.
54-годишниот поранешен шампион во тешка категорија признава дека бил смртно исплашен и дека повраќал пред авантурата. Во првата рунда Тајсон нуркаше во кафез со таканаречената лимонска ајкула, во втората рунда тој нуркаше на отворено и требаше да ги турка ајкулите нежно ако му се приближат, а во третата беше предизвикот со нуркање на над 10 метри, без кафез, во кој требаше да ја грабне ајкулата за нос.
Тајсон поминал неколку дена на Бахамите работејќи со научници за да се навикне на ракување на ајкулите.
The only way to get over your fears? Dive straight in. Watch me kick off #SharkWeek with Tyson vs. Jaws: Rumble on the Reef tonight at 9pm ET only on @Discovery pic.twitter.com/9i1LktglXc
— Mike Tyson (@MikeTyson) August 9, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.