Спорт
Мајсторијата на Мбапе во 94. минута ги „казни“ Реал, Сити го „демолираа“ Спортинг
Пари Сен-Жермен имаше повеќе од играта, од акциите и од нападите против лутиот ривал Реал Мадрид, но им беше потребно да чекаат до 94. минута за Килијан Мбапе конечно да го постигнe единствениот гол на мечот против тимот каде што според многумина ќе ја продолжи кариерата, и да обезбеди предност од 1:0 пред гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ .
Во Португалија пак, Манчестер сити најави дека е сериозен кандидат за титулата во Лигата на шампионите, откако со 0:5 ги декласираше Спортинг Лисабон и пред домашниот меч е практично четврт-финалист.
Пари Сен Жермен почна жестоко на „Паркот на принцовите“, со постојан притисок и со посед од топката од 60-тина отсто во првото полувреме, но сите обиди не донесоа гол, и освен убавата акција на Килијан Мбапе која ја одбрани Куртоа, немаше посериозни закани за Реал, кои свесно тргнаа во дефанзивна игра.
Најдобрата шанса дојде во 61. минута кога Мбапе беше соборен во шестнаесетникот и беше покажан пенал Меѓутоа, ударот на Лео Меси заврши директно во рацете на Куртоа. Мбапе повторно беше најопасен пред голот на „кралевите“, а притисокот порасна со влегувањето на Нејмар во игра во последните 15-тина минути. Токму Бразилецот имаше фантастична шанса во 87. минута од мечот, но неговиот обид заврши покрај голот.
Кога се мислеше дека „кралевите“ обезбедиле „нула“ на гости, Мбапе прекрасно влезе во шестнаесетникот во 94. минута и го матираше немоќниот Куртоа.
MBAPPE WITH A WONDER GOAL#PSGRMA pic.twitter.com/A63zDkuQ08
— Emad (@FCB__Emad) February 15, 2022
Во Лисабон, Спортинг беше апсолутно декласиран од „машината“ на Пеп Гвардиола. ште во деветтата минута од мечот Ријад Марез со својот шести гол во ЛШ оваа сезона ги донесе Сити во водство, за веќе во 16. минута, Бернардо Силва со прекрасен гол да зголеми на 0:2.
Марез имаше и асистенција до Фил Фоден во 32. минута за 0:3, за Бернардо во 44. минута да го најави „потопот“ на Спортинг, пред Рахим Стерлинг во 58. минута да зголеми на 0:5, откако на Бернардо му беше поништен еден гол.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВИ МЕЧЕВИ
Пари Сен-Жермен – Реал Мадрид 1:0
Спортинг Лисабон – Манчестер сити 0:5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.