Спорт
Македонија очекува позитивен резултат во Словенија
Вечерва во стадионот Стожице во Љубљана селекторот на Македонија Игор Ангеловски и репрезентативецот Стефан Ристовски се изјаснија пред присутните натпревари на официјалната прес конференција пред утрешниот наптревар против Словенија во квалификациите за Европското Првенство.
“Во Љубљана стигнавме со многу добра атмосфера откако одигравме одличен натпревар со Летонија. Утре не очекува нов натпревар, имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матријализираме утре на терен“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
“Верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Јас го познавам многу добро селекторот на Словенија, Кек, и сигурно дека тој сака многу да победи. Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпрецарување како што е Европското првенство“, вели Ристовски.
Поради повреда на воведниот натпревар на новиот квалификациски циклус во четвртокот против Летонија од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а селекторот Игор Ангеловски не се реши на негово место да повика друг играч.
Репрезентацијата на Македонија утре од 20:45 часот против Словенија во рамките на второто коло во квалификациите за ЕП 2020.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.