Спорт
Македонија победи во Словачка – Ракометарите се на чекор до пласман на Мундијалот во Германија
Ракометната репрезентација на Македонија длабоко зачекори на Светското првенство во 2027 година, во Германија. Вечерва во Прешов, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот, Македонија ја победи Словачка со 31:24 (18:13).
Избраниците на Кире Лазаров, во Словачка го демонстрираа својот квалитет и во целост ја оправдаа улогата на фаворит во овој бараж.
Првите 20 минути беа изедначени, како да сакаше Кире Лазаров да ја испитат силата на противникот. Од предноста на Словаците 10:9, Македонија го заклучи полувремето со 8:4.
Вториот дел мина во целосна контрола на се она што се случуваше на теренот од страна на македонските ракометари. На крајот победа со седум голови разлика, што прави реваншот во Скопје да биде формалност.
Македонија до победата ја ппредводеа капитенот Кузмановски со 10, Лазаревски со седум и голманот Томовски со 3 интервенции.
Реваншот во Скопје на програта е во недела, со почетокот во 19 часот.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дефибрилатор му го спаси животот на Ериксен
Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во 65-та минута, но по десетминутна медицинска интервенција, стана и сам го напушти теренот, проследен со аплауз од трибините. Натпреварот заврши кратко потоа, во 79-та минута.
Сцените потсетуваа на Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар, и овој пат играчите формираа круг околу него додека му помагаа. Тој го напушти теренот со помош на сопругата.
Докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен, зборуваше за состојбата на Ериксен.
„Кристијан е добро и сам го напушти теренот. Колку што можам да видам, дефибрилаторот работеше како што требаше. Извесно време ја изгуби свеста, но многу брзо ја врати и набрзо повторно стапивме во контакт со него“, рече Боесен.
Тој подетално опиша што се случило за данската ТВ2: „Мислам дека го видов како се фаќа за градите, а потоа се струполи. Доста брзо се освести, мислам дека уредот добро работеше и го врати во живот.“
Да ве потсетиме дека по инцидентот на натпреварот против Финска на ЕП во 2021, на Ериксен му беше вграден дефибрилатор. Овој уред користи електроди за следење на срцевиот ритам, а доколку детектира опасни отчукувања, испорачува електричен шок за да ги нормализира.
„Сега треба да се направат дополнителни тестови во болницата за да се утврди што го предизвикало инцидентот. Постојано сме во контакт со него и со лекарите во болницата. Кристијан е добро и ме замоли да ги поздравам сите играчи и да им кажам дека е добро“, додаде Боесен.
Фото: ЕПА
Спорт
Ракометарките на Мец ја освоија Лигата на шампионите
Ракометарките на Мец одиграа феноменално на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Во полуфиналето победија против Букурешт со 32:27, а во финалето го симнаа од тронот тимот од Ѓер 31:29 (18:17).
Мец стигна до првата титула во историјата кога станува збор за Лигата на шампионите, а Ѓер не успеа да стигне до третата титула по ред, не успеа да го зголеми бројот на трофеи од седум на осум. Во борбата за третото место, тимот од Букурешт го победи Брест со 32:26.
Сара Букит постигна 12, Тика Акснер, Луси Грание, Лена Грандво и Ана Албек по три гола за новите европски шампионки.
Кај Ѓер, Алмеида де Паула постигна седум гола, Тјаша Станко и Диони Хушер по пет, Натали Хагман четири гола.
Ѓер го започна натпреварот подобро, имаше предност од три гола во текот на првото полувреме – 11:8, но дека Мец може да направи изненадување, покажа во финишот на првиот дел . Имено, Мец стигна до пресврт – 18:17 и, што е многу поважно, огромна дози на самодоверба.
Во вториот дел, Ѓер немаше решенија за навистина гранитната одбрана на тимот од Франција. Од друга страна, на крилата на одличната одбрана, ракометарите на Мец играа решително и храбро во нападот, па поведоа со 28:22, имаа и 30:24 во 51.минута, кога Ѓер преку Тјаша Станко, стигна до 28:30 на пет минути пред крајот.
Сепак Мец го издржа притисокот, не дозволи пресврт и ја освои титулата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хорор сцена, Ериксен повторно колабираше среде натпревар
За жал, сцените од Европското првенство 2021 се повторија, Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот.
Сè се случи во 65-тата минута од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина.
Претходно, искусниот Данец имаше кратка расправија со играч на гостинскиот тим.
Недолго потоа, тој почна да се држи за градите. Медицинскиот персонал беше итно повикан да му помогне на 34-годишниот фудбалер.
По неколкуминутен прекин, беше одлучено натпреварот да не продолжи. Данска имаше предност од 2:1.
🚨 Cristian Eriksen has taken ill on the pitch again pic.twitter.com/OQoyxV5MQR
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 7, 2026
Foto/ Depositphotos
