Спорт
„Макс не ме пушти да поминам, ја задржа агресивноста, поради тоа се удривме“
Луис Хамилтон се огласи со подолга изјава по контроверзната победа на трката за Големата награда на Велика Британија. Хамилтон во вториот круг се судри со Макс Ферстапен. Холанѓанецот заврши надвор од патеката, а Хамилтон на крајот победи и покрај казната од 10 секунди.
Седумкратниот светски првак верува дека и покрај инцидентот, тој и Ферстапен може да продолжат да се тркаат и меѓусебно да се почитуваат.
„Сакам да мислам дека од вакви искуства треба да учиме и да растеме како луѓе. Ретко постои инцидент во кој 100 отсто е виновен само еден, секогаш се работи за некаква комбинација бидејќи се вмешани двајца или повеќе луѓе. Двајцата од ова можеме да научиме“, рекол Хамилтон и дополнил.
„Од искуство ќе кажам дека Макс е еден од најагресивните возачи. Одлично си ја работи својата работа, но мислам дека на патеката треба да најдеме рамнотежа, да има простор и почитување помеѓу возачите за да можеме без страв да се тркаме“.
Британецот не мисли дека неговата трка со Ферстапен на Силверстон е поинаква од претходните неколку ситуации. Тврди дека во минатото имало ситуации кога се повлекувал за да избегне удар.
„Мислам дека битката беше нормална. Кога бев помлад, и јас бев агресивен. Можеби не толку колку што е Макс, но бев агресивен. Сега сум постар и знам дека во прашање е маратон, а не спринт, на тој начин им пристапувам на трките“, истакнал 36-годишниот Хамилтон.
„Мислам дека тој оваа година е многу агресивен. Во неколку случаи морав да се повлечам за да избегнам инцидент, за да можам да се борам подоцна во текот на трката. Можевте да видите во саботата, кога имаат чиста патека, тие се премногу брзи. Поради тоа, морам да се обидам да ја искористам шансата кога таа ќе се понуди. Тоа и го правевме. Добро излегов од седмата кривина, бев задоволен што ја искористив заветрината, така можев да одам лево, а потоа од внатрешната страна да ја намалам разликата. За среќа, не успеа да ми ја затвори вратата, но, за жал, ја задржа агресивноста и се удривме“.
Луис Хамилтон во Силверстон ја забележа 99. победа во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.