Контакт

Спорт

Малком во Зенит за 40 милиони евра

Објавено пред

Барселона успеа да продаде еден од играчите на чии услуги тренерот Ернесто Валверде не сметаше за новата сезона. Каталонците со Зенит го договориле трансферот на Малком за 40 милиони евра.

Малком минатото лето направи сензационален трансфер во Барселона, откако во последен момент го смени мислењето и ја „извиси“ Рома. На „Ноу Камп“ тој ен оправда ниту едн цент што клубот го вложи во него.

Барса максимално профитираше од трансферот бидејќи за речиси истата сума го донесоа лани Малком од Бордо. Бразилецот во Санкт Петербург ќе заработува шест милиони годишно.

Според медиумите Барса траба да продаде уште двајца играчи за да може да го донесе Нејмар.Понуди за Фелипе Кутињо нема, додека за Иван Ракитиќ интерес покажале два тима, по еден од Англија и Италија.

Можно е заминувањето и на Самуел Умтити за околу 50 милиони евра, но само Манчестер Јунајтед не го реализираат трансферот на Хари Мегваер.

Инаку, Пари Сен Жермен, за Нејмар бараат 180 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барикело: Хамилтон е поталентиран и од Шуми и од Сена

Објавено пред

Поранешниот Ф1 возач Рубенс Барикело вели дека актуелниот шампион, Луис Хамилтон е поталентиран возач од неговиот поранешен тимски колега Михаел Шумахер, но и од легендарниот Аиртон Сена, велејќи дека никој не бил толку смирен под притисок.

Барикело, кој е рекордер со 326. ГП трки во кариерата, имаше шанси да се трка со тројцата возачи во својата кариера која траеше од 1993 до крајот на 2011 година. Тој исто така беш колега со Шумахер во доминантните години на Ферари.

„Хамилтон има талент кој најверојатно е поголем од тој на Аиртон и на Шумахер. Единствено што досега му недостасуваше беше зрелост, но со прогресот денеска го гледаме целосниот возач. Интересно е да се слушаат неговите разговори преку радиото, кога е неверојатно смирен, дава информации и знае што е потребно“, вели Барикело во интервју за „ЕСПН“ откако беше запрашан да „изгради“ совршен Ф1 возач.

Сепак, за ваков „совршен“ возач, тој зеде по една карактеристика на Сена, Хамилтон и Шумахер.

„Совршениот возач би ја имал умешноста на Аиртон, храброста на Шумахер и координацијата на Хамилтон. Тоа би било шоу“, додава Барикело.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јунајтед се откажа од Бруно Фернандеш, Спортинг бара 80 милиони евра!

Објавено пред

Долгоочекуваниот трансфер на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон во Манчестер јунајтед пропадна откако претседателот на клубот, Џоел Глејзер, не го прифати барањето на португалскиот клуб од астрономски 80 милиони евра за фудбалерот од среден ред.

Спортинг очекуваше договорот да биде склучен пред крајот на јануарскиот преоден рок, но повеќе англиски извори потврдија дека договорот не може да се „спаси“, откако Глејзер се спротиставил на трансферот.

Јунајтед понудил 60.5 милиони евра, од кои 50 би ги добиле веднаш, а другата сума би се исплатила како бонуси, во кои Спортинг се сомневале – услов Фернандеш да ја освои „Златната топка“ или Јунајтед да ја освои Премиер лигата. Додека потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, и менаџерот Жорге Мендеш се обидувале да дојдат до компромис, Глејзер одлучно кажал „не“.

Ова е втор голем најавен пропаднат трансфер на „ѓаволите“, откако Ерлинг Браут Халанд реши да се приклучи на Борусија Дортмунд. Интервенцијата на Глејзер во трансферот може да значи и крај на Вудворд како извршен потпретседател на клубот бидејќи тоа е човекот кој беше одговорен за трансферите во последните години и за ангажирањето на менаџерите Луис ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

Повредите на Маркус Рашфорд, Скот Мектоминеј и Пол Погба, заедно со заминувањето на Ешли Јанг во Интер, го остава составот на Јунајтед ранлив во борбата за четвртото место на табелата, посебно откако вчера загубија 0:2 од Барнли на „Олд Трафорд“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Червар остана без глас на ден пред полуфиналето со Норвешка

Објавено пред

Хрватските ракометни репрезентативци утре играат полуфинале на ЕП, противник моќната Норвешка.

На денешната прес-конференција во Стокхолм, градот домаќин на шесте најдобри селекции на првенството, не се појави хрватскиот селектор Лино Червар. Новинарите во прес-центарот беа изненадени.

Помошникот тренер, Хрвоје Хорват објасни зошто Лино не дошол на прес-конференцијата.

„Лино има проблеми со гласот, му ‘пукна’, но ќе биде во ред до утре и ќе го води натпреварот со Норвешка. Тие играат одлично и ние ќе сториме сè што можеме за да го запреме Сагосен со одбрана 5-1. Но, Норвешка не е само Сагосен. Ние турнирот го отворивме одлично, но против Шпанија и Чешка не одигравме најдобро. Сепак, позади нас е одлиен турнир. Циндриќ и Караџиќ сè уште имаат проблеми, но веруваме дека ќе бидат 100% подготвени за утрешниот меч“ – изјави Хорват.

Оптимизам можеше да се слушне и од десниот бек кај Хрватска, Лука Степанчиќ.

„Слушнавме дека доаѓаат наши навивачи, секогаш е полесно кога играте со нивна помош. Против Германија губевме 5 разлика, со Шпанија и 6, но со нивна помош сè надоместивме. Мораме некои работи да ги поправиме. Имаме `црни дупки` од 10 минути, мораме тоа да го отстраниме против Норвежаните, затоа што играат сјаен турнир. Ја покажавме силата која ја има ова репрезентација“ – рече Степанчиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион2 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија3 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа5 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија6 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија6 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија7 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ8 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет9 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија11 час

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет11 час

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија11 час

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион11 час

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет12 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија1 ден

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 ден

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ1 ден

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Досие