Спорт
Манчестер јунајтед го урива клупскиот рекорд – Санчо доаѓа на „Одл Трафорд“

Манчестер јунајтед успешно ги завршиле преговорите со Борусија Дортмунд, околу трансферот на Џејдон Санчо. „Мирор“, тврди дека англскиот репрезентативец ќе стане најскапото засилување во историјата на славниот клуб.
Борусија Дортмунд, минатото лето одбиле 130 милиони евра од Јунајтед за трансферот на Санчо, но ова лето поради финансиската криза, тие решиле да ја намалат цената.
Санчо ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за 94 милиони евра. Досега најскап фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед беше Хари Мегваер, Јунајтед за него на Лестер им платија 87 милиони евра.
За да биде реализиран трансферот клубовите требало уште да ја договорат динамиката на плаќање. Клубот од Дортмунд во првата рата бара да биде исплатен најголемиот дел од трансферт, додека Јунајтед бараат тој да биде исплатен во повеќе рати.
Санчо е играч на Борусија од 2017 година. За клубот од Дортмунд одиграл 137 натпревари, на кои постигнал 50 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Калин Ивановски со успешен старт на новиот турнир во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа го стартуваше новиот ИТФ фјучерс турнир во Монастир, Тунис.
Ивановски, кој е прв носител на овој турнир, со 2:0 во сетови (6:3, 6:3) го победи Олаф Печковски од Полска и се пласира во осминафиналето. Тој и во двата сета доминираше и заслужено се избори за пласман во следната рунда.
Ивановски на минатиот турнир во Монастир стигна до финалето каде беше поразен.
Спорт
РК Пролет ги задржа младинските репрезентативци, Димковски, Стојановски и Тотиќ

Ракометниот прволигаш Тинекс Пролет постигна договор за продолжување на соработката со тројцата најперспективни ракометари во клубот, кадетските и младински репрезентативци на Македонија, Томислав Димковски, Андреј Стојановски и Михаел Тотиќ.
Станува збор за ракометари кои имаа значајна улога во триумфот на кадетската репрезентација на ЕХФ шампионатот во Рига, на кој Димковски беше избран и за МВП на првенството. Тие добиваа шанса во првиот тим на Тинекс Пролет во првиот дел од сезоната, а сигурно ќе имаат уште позначајна минутажа во плејофот, каде се дел од плановите на тренерот Лембанов.
Димковски и Стојановски настапуваат на бековската позиција, додека Тотиќ одлично се снаоѓа на позицијата лево крило.
„Тинекс Пролет останува максимално доследен на клупскиот концепт на кој инсистира со години наназад, најдобрите членови на младинската школа да добијат шанси за докажување и во првата екипа. Остануваме проект што ќе создава квалитетни домашни играчи, го потврдуваме тоа и со новите договори на Димковски, Тотиќ и на Стојановски, тројца извонредно перспективни ракометари со кои потпишавме долгогодишни договори и за кои не се сомневаме дека ќе донесат бројни победи на тимот во иднина“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.
Спорт
Шпански фудбалер дознал дека e принц – Добил остров и милиони

Животот на триесетгодишниот шпански фудбалер Жорди Амат се преврте наопаку за само една година. Минатата година зеде индонезиско државјанство благодарение на неговата баба, која има корени од таа земја. Во тој процес, тој дознал дека има статус принц на островот Сиау.
Амат на тој начин го добил островот и милионско богатство, без воопшто да знае со што располага.
Роден е на периферијата на Барселона, а неговите родители се од Каталонија. Меѓутоа, неговата баба е од островот Сиау во Индонезија.
Станува збор за остров со површина од околу 160 квадратни километри. Според последниот попис, таму живеат нешто повеќе од 45.000 луѓе.
View this post on Instagram
„Знаев дека постои можност да земам индонезиско државјанство поради баба ми, а тоа секогаш ми беше интересно поради нејзините приказни“, вели Амат во интервју за „Марка“.
На крајот се испоставило дека неговата баба била во роднинска врска со кралот на Индонезија, а неговиот прадедо бил владетел на тој остров.
Островот сега во најголем дел е во рацета на Амат, кој на тој начин, неочекувано, доби голема одговорност.
Амат во својата кариера настапуваше за Еспањол, Рајо Ваљекано, Свонси, Реал Бетис и Еупен, а моментално игра за Јохор Дарул Тазим во Малезија.
Покрај тоа, Амат дебитираше за Индонезија и веќе одигра четири натпревари за репрезентацијата на неговата нова татковина.