Спорт
Манчестер јунајтед ќе се засили со играч на Евертон

Манчестер јунајтед ги кројат плановите за летниот преоден рок. Познато е дека во клубот ќе пристигне нов тренер, а клубот има намера да се засили со неколку играчи на сите позиции.
Можно е најмногу промени да има во нападот. Доаѓањето на Кристијано Роналдо не ја поправи ефикасноста. Јасно е дека Едисн Кавани ќе замине од тимот, слична ќе биде и судбината на Ентони Марсијал, кој е позајмен во Севилја, а наводно и Маркус Рашфорд побарал трансфер.
Англиските медиуми тврдат дека јунајтед сериозно биле заинтересирани за Бразилецот од Евертон, Ришарлисон.
Крилниот напаѓач на „Трансфермаркт“ има вредност од 55.000.000 евра. Трансферот лесно би можел да биде реализиран доколку Евртон испадне од премиер лигата.
Ришарлисон е поранешен играч на Америка од Минеиро, Флуминенсе и Вотфорд, во Евертон е од 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чистката во Јуве продолжува: Мората и Бернардески следни на списокот

Јувентус по најавената разделба со Пауло Дибала решил да се ослободи и од Алваро Мората и од Федерико Бернардески продолжувајќи го ремонтот на тимот по неуспешната сезона.
Според „Марка“, Јуве веќе му соопштил на Мората дека нема да го откупи неговиот договор од Атлетико Мадрид и покрај тоа што Шпанецот веќе две сезони е во Торино како постојан играч. „Старата дама“ имаше шанса да го направи трансферот постојан за 35 милиони евра, но наместо тоа, Мората ќе бара нов тим.
Мората беше во Јувентус од 2014 до 2016 кога освои две титули од Серија А, а беше дел и од финалето на ЛШ против Барселона. Тој се врати во Реал Мадрид, со кој ја освои ЛШ во 2017 година по што играше во Челси и Атлетико пред да се врати во Торино.
Според „Фудбал Италија“, и на Бернардески му било соопштено дека ќе треба да си побара нов тим кога ќе заврши договорот, иако тој се надевал на нов договор. Бернардески беше цел на повеќе европски клубови додека беше фудбалер на Фиорентина пред во 2017 година да премине во Јуве за 40 милиони евра. Тој има 182 настапа и 12 гола за Јуве.
Спорт
Барса со нова победа над Флензбург патува на Ф4

Барселона им се приклучи на Веспрем и Кјелце на фајналфор-турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите откако и во реваншот на домашен терен со 27:24 го совладаа Флензбург. Актуелниот десеткратен европски шампион имаше предност од четири гола од првиот меч (33:29).
Пред домашната публика во „Палау Блауграна“, Барса бргу дојде до 6:3 предност, но гостите покажаа дека дојдоа да се надигруваат успевајќи да израмнат на 6:6 и потоа да го преземат водството. Барселона не успеа резултатски да се одлепи до последните минути од мечот кога Јанц и Циндриќ со серија ја обезбедија клучната предност.
Дика Мем беше најефикасен за Барса со 6 гола, Јусеф Бен Али имаше 5, Лука Циндриќ 4, а за Флензбург, Хампус Ване, заврши со шест гола.
Кил ќе се обиде да обезбеди барем еден германски тим на Ф4 во Келн кога вечерва ќе го пречека Пари Сен-Жермен откако на првиот меч во Франција беше израмнето (30:30).
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 1/4 ФИНАЛЕ
Барселона – Флензбург 27:24 (10:10), прв меч 29:33
Кил – Пари Сен-Жермен 20.45 ч, прв меч 30:30
Вчера играа:
Алборг – Веспрем 31:30 (20:21), прв меч 29:36
Кјелце – Монпелје 30:22 (15:8), прв меч 31:28
Спорт
Мициќ го крена Ефес во белградскиот трилер со Олимпијакос

Актуелниот шампион во Евролигата, Анадолу Ефес, ја доби интересната и драматична пресметка со грчкиот Олимпијакос во Белград со 77:74 (18:21, 24:22, 24:20, 11:11) за да се пласира во финалето на фајналфор-турнирот и да го чека шпанскиот противник во големото финале.
По петгодишна пауза, Олимпијакос се врати на фајналфор-турнирот со големи амбиции, кои ги покажаа со одлична игра во првата четвртина добивајќи ја со 21:18, но актуелниот шампион се врати и направи предност од 11 поени пред таа да се стопи во последната четвртина, во која двата тима беа крајно непрецизни. Во финишот Олимпијакос дојде на само -1 (70:71) за во последната минута да израмни на 74:74. Тогаш на сцена стапи Василије Мициќ, кој во последниот напад постигна фантастична тројка за големо финале.
Во второто полуфинале на елитното европско натпреварување, во 21 часот ќе се судрат вечните ривали Барселона и Реал Мадрид.
Vasilije Micic takes @AnadoluEfesSK TO THE FINAL!!!#F4GLORY I #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/L96JNFocgV
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 19, 2022